Експлозии во клучните украински градови во масовен руски ракетен напад

November 17, 2024
1 min read

Експлозии ја потресоа украинската престолнина Киев и други градови, а соседна Полска ја зголеми тревогата за авиони во раните утрински часови денеска откако двете земји пријавија масовен руски ракетен напад.

-Поради масовниот ракетен напад на Русија со крстосувачки и балистички ракети и со беспилотни летала врз цели лоцирани особено во западна Украина, полските и сојузничките авиони почнаа да оперираат во нашиот воздушен простор, објави на социјалната мрежа „Х“ оперативната команда на вооружените сили на Полска.

Се додава дека „сите расположливи сили и ресурси се активирани, борбените авиони се ставени во готовност, а копнените средства за воздушна одбрана и радарски надзор се ставени на највисоко ниво на подготвеност“.

Експлозии одекнаа во југоисточниот украински град Запорожје, изјавија очевидци, а украинските воздухопловни сили прогласија воздушен тревога на целата територија на Украина, но обемот на нападот останува нејасен. Градоначалникот на Одеса на Црното Море, Генадиј Труханов, пријави силни експлозии и додаде дека делови од градот се без струја.

Воздухопловните сили ги повикаа жителите да се засолнат во засолништа за бомби и посочија дека неодреден број проектили, вклучително и разни видови крстаречки ракети, летаат во украинскиот воздушен простор.

Украинските власти објавија дека како мерка на претпазливост ја исклучиле струјата во голем број региони, вклучувајќи го и Киев.

Ракетниот напад уследи по полноќен напад со дрон врз главниот град на Украина. Паѓањето на остатоци предизвикало пожар на покрив на станбена зграда, а најмалку едно лице е повредено, објави градската управа на апликацијата Телеграм.

-На местото на настанот се испратени екипи на итната помош, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

Во јужниот град Николаев две жени загинаа, а шест лица се повредени, меѓу кои две деца, во полноќен напад со беспилотно летало, објави на Телеграм претседателот на регионалната воена администрација Виталиј Ким.

Украина со недели е во состојба на готовност поради стравувањата од можен голем руски напад со наближување на зимата. Претходните напади беа насочени кон електричната мрежа, оставајќи големи делови од Украина во мрак.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

На денешен ден

Следно

Јаневска: Честит 17 Ноември – Меѓународен ден на студентите!

Latest from Blog

Ѓорѓиевски: Граѓаните мора да гласаат во фер и демократски услови

Скопје, 4 септември 2025 – Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, кој е и кандидат за градоначалник на Скопје, оствари средба со претседателот на Државната изборна комисија,

Во родниот Чачак се одбележува годишнината од смртта на Бора Ѓорѓевиќ, „Рибља чорба“ објави емотивен статус

По тој повод, се огласи бендот Рибља Чорба, во кој Бора Чорба беше фронтмен многу години. И тоа со емотивен статус на Фејсбук. „Една година без нашиот драг Бора, нашиот брат Боки.

Европска лекција: услови за добивање „општествена лиценца“ за рудник

е секоја лиценца ја издава министерство или влада. Во рударството постои и дозвола што нема печат, туку се темели на доверба од заедницата. Таа „општествена лиценца“ се стекнува тешко и бара секојдневно

Тони домати и праски од Албанија блокирани во Хрватска, содржеле пестициди и никел

– Во официјално соопштение од EFSA беа објавени резултатите од лабораториските тестови, каде што дозволеното ниво  е 0,01 мг/кг, додека резултатот достигна вредност од 0,06 мг/кг. Опасните домати беа произведени на земјоделски

Солзите на Скалони: Најголемиот во историјата веројатно за последен пат игра за Аргентина!(ВИДЕО)

Во пресрет на квалификацискиот меч за СП 2026 со Венецуела, емотивно беше на прес – конференцијата на Лионел Скалони, селекторот на Аргентина. Имено познато е дека кариерата на Лео Меси е при
Go toTop