Тошковски: Ставањето во функција на проектот „Безбеден град“ е приоритет на Владата

November 16, 2024
1 min read

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес одржа работен состанок со меѓуресорската работна група, составена од членови на Министерството за внатрешни работи и Министерството за правда и професори од Правниот факултет во Скопје, која работеше на измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата и Законот за прекршоците.

„Овие измени се неопходни за целосна имплементација и ставање во функција на системот за електронско детектирање на сообраќајни прекршоци, познат како “Безбеден град”. Нашата визија е следејќи ги европските стандарди, да спроведеме целосна дигитализација на овој процес, така што ќе го исклучиме човечкиот фактор кој би овозможил избегнување на плаќање на казната. Системот автоматски ќе ги детектира, евидентира и процесира прекршоците, обезбедувајќи поголема ефикасност и ефективност.“, потенцираше министерот Тошковски.

Министерот Тошковски истакна дека ставањето во функција на овој систем е еден од приоритетите на новата Влада, со единствена цел да се подобри безбедноста на патиштата и да се намали бројот на жртви.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Албанската полиција откри лабораторија за преработка на кокаин внесен од Латинска Америка

Следно

Трајчулевски: Во Буџетот за 2025 Владата нема предивдено средства за раст на минималната плата

Latest from Blog

Анџелина Џоли го смени имиџот, фановите се шокирани од новата фризура (ФОТО)

Познатата актерка моментално е во Лондон за снимањето на новиот филм „Anxious People“, а папараците ја фотографираа со светло руса кратка коса, предизвикувајќи изненадување кај нејзините обожаватели, со оглед на тоа што

Се урна авион во Денвер, има загинати

Мал комерцијален авион се урна денес и се запали недалеку од Денвер во американската држава Колорадо, а во несреќата загинаа две лица, објавија американските власти. „Несреќата се случила јужно од аеродромот „Сентенијал“

На 10 септември закажана седницата на Комисијата за надзор над работата на АНБ и АР

На 10 септември е закажана седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ, кое
Go toTop