Темелите се поставени само треба да се продолжи со работа, вели Дарко Јан Спасов, кој поднесе оставка на функцијата директор на Театар Комедија

February 16, 2023
1 min read

Темелите се поставени, само треба да се продолжи со работа, вели за „Република“ драматургот Дарко Јан Спасов, кој од лични причини поднесе оставка на функцијата директор на Театар Комедија.

За оставката е информирана и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска. Спасов за „Република“ вели дека новиот в.д директор на Театар Комедија ќе биде некој од вработените кои добро ја познаваат институцијата. Тој останува во Комедија, како вработен драматруг.

Верувам дека на мојата оставка ќе се гледа на позитивен начин. Јас си заминувам само од функцијата, но не и од Театарот. Јас сум многу позитивен човек и овој период навистина многу се вложив. Имаме полна каса, одлична продажба на билети, полна сметка, реновиравме многу во Театарот, салонот е полн. Со сите вработени сум во одлични односи, вели Спасов, кој во еден период од животот престојуваше во Словенија.

За Спасов, театарот е магија, тој е храм и така треба да биде третиран.

Николгаш не било лесно, но нашите предци секогаш имале желба да творат, да создаваат.  Оттаму мислам дека е време да биде полесно и подобро, имаме капацитет, човечки, и тоа е најважно. Живееме во време на конзумеризам, се трошиме на други работи, но не смееме да престанеме да создаваме. Важна е внатрешната среќа, бидејќи само така може да се оди напред. Доволно е само да се чита, да се патува, да се негува љубовта кон работата, смета Спасов.

Спасов беше поставен за директор на Театар Комедија на барање на колективот. Претходно в.д. директорка беше Магдалена Ризова – Черних, која беше назначена по разрешувањето на Нора Шаќири- Марковиќ.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Чави се уште е лут кога ќе ја слушне химната на ЛШ: Мораме да се соочиме со реалноста!

Следно

Не се жени, туку јајчарки?

Latest from Blog

НА ДЕНЕШЕН ДЕН – ова се историските настани

Денес е понеделник, 8 септември. Ова се историските настани што го одбележаа овој датум. 1157 – Роден е англискиот крал Ричард I Плантагенет, Лавовското Срце (Ричард, Лавовското Срце), херој на средновековните легенди,

Почина Михаило Вукобратовиќ, режисерот на култната серија „Подобар живот“

Прославениот режисер Михаило Вукобратовиќ почина денес, 7 септември, во болницата КБЦ Земун, на одделот за неврохирургија, објавија српските медиуми. Тој бил примен во болница на 28 јуни кога падна снимајќи серија. Потоа

Ужасен ритуал за зависници од дрога во тивок манастир- пијат нешто одвратно, па „испуштаат душа“ (ВИДЕО)

По парна бања на високи температури, мажите пијат темен напиток со стотици состојки, а потоа повраќаат заедно, симболично исфрлајќи ги токсините од нивните тела. Древната практика, дел од единствена програма за детоксикација,

Мртов Канаѓанец со години лежел во ладилникот на КБЦ Котор од тажна причина: КОНЕЧНО Е ПОГРЕБАН, НО МАЛКУ ПОИНАКУ

Канадскиот државјанин Дејвид Бери Њуел (роден во 1947 година) од Сиднеј, кој починал на 29 август 2023 година во Клиничкиот болнички центар во Котор, бил погребан дури на 2 септември оваа година,
Go toTop