Иран како неосновани ги отфрли наводите за заговор за атентат на Трамп и други американски претставници

November 9, 2024
1 min read

ТЕХЕРАН (АА) – Иран категорично ги отфрли наводите за вмешаност во заговор за атентат на поранешни и сегашни американски официјални претставници, меѓу кои и новоизбраниот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи ги тврдењата „целосно неосновани“, јавува Анадолу.

Денес, портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, ги отфрли обвинувањата на американското Министерство за правда по апсењето на еден осомничен.

Багаи се повика на претходните „слични обвинувања“ кои Иран ги негираше, нарекувајќи ги „одвратен заговор“ организиран од Израел и антииранските фракции „за дополнително да ги искомплицираат работите меѓу САД и Иран“.

Американското Министерство за правда поднесе кривична пријава против едно лице, тврдејќи дека било задолжено од Иран да „врши надзор и да испланира атентат на поранешни и сегашни функционери на американската влада, вклучително и на Трамп“.

Според обвинението, човекот, 51-годишен авганистански државјанин по име Фархад Шакер, наводно се обидел да го убие Трамп пред претседателските избори во САД по наредба на иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Багаи ги негираше обвинувањата, потврдувајќи дека Иран ќе ги искористи „сите легитимни, законски средства, и на домашен и на меѓународен план, за да ги одбрани правата на иранската нација“.

Изјавата доаѓа по неодамнешниот избор на Трамп за американски претседател, што предизвика загриженост дека неговите блиски врски со Израел може дополнително да ги заострат односите меѓу Техеран и Вашингтон.

Трамп, кој ја извршуваше функцијата претседател од 2017 до 2021 година, беше познат по конфронтацискиот став кон Иран, особено откако неговата администрација еднострано се повлече од иранскиот нуклеарен договор во 2018 година.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Земјотрес во близина на Ресен – 2,9 степени

Следно

Дербито во Струга, Седлоски на клупата на Вардар против Шкупи

Latest from Blog

Почуствувала провев, па зад огледалото открила таен трисобен стан: Ова е најхрабрата жена на светот (ВИДЕО)

Она што го пронашла зад огледалото во бањата било многу поневеројатно и вистинска мистерија. „Влегуваш во друга димензија“ Жителката на Њујорк била збунета од протокот на ладен воздух што го чувствувала секој

Скандалозно: И хрватскиот коментатор згрозен од скандирањето на хрватските фанови во Подгорица!

ФОТО: Hrvatski nogometni savez/FB Црна Гора загуби од Хрватска со 3:2 во Подгорица на крајот од квалификациите за Светското првенство. На екипата на Мирко Вучиниќ не ѝ помогна ниту водството од 2:0,

„Пекол на Земјата“: Украинската војска објави фотографии од уништениот град

Копнените сили на Украина објавија фотографии од пустошот во Костјантинивка во регионот Донецк, покажувајќи го обемот на пустошот што напредувањето на Русија на исток го остава зад себе во украинските градови. Фотографиите

Имињата на болниците и лекарите кои непотребно правеле операции на срце ќе бидат објавени

Имињата на болниците и лекарите кои непотребно упатувале пациенти на операции и направиле непотребни интервенции кај лица со кардиоваскуларни дијагнози ќе бидат објавени кога извештајот на комисијата ќе стане конечен, изјави министерот
Go toTop