Одбележан Денот на ослободувањето во Штип

November 8, 2024
1 min read

По повод Денот на ослободувањето на Штип денеска на свечена седница на Советот на Општината беа доделени Осмоноемвриските признанија на 12 граѓани и Здруженија за исклучителен придонес и развој  на градот. Пилотите Методка Стојанов, Драган Јовановски, Здружение за социјална инклузија, Стојан Арсов,  Марија и Стојан Димкови, Иван Костевски, Виктор Велинов, Кирил Кузманов, Јасмина Чанева Лазовска, Методи Хаџи Јанев, Ликовно студио колорис Штип, Мишко Џидров ги добија највисоките признанија на Општина Штип. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов  истакна дека Општина Штип има задача да работи  и да го испорачува резултатот, кои граѓаните го очекуваат. Вели дека изградбата на нови спортски терени, уредување на нови паркови, развој во образованието, културата и спортот претставуваат активности на кои интезивно се работеше во изминатите три години.

-Како одговорна самоуправа имаме задача да работиме деноноќно и да го испорачаме резултатот, кои граѓаните го очекуваат од нас, а асфалтирањето на улиците, промената на водоводната и канализациона мрежа. Изградбата на нови спортски терени, уредување на нови паркови содржини, развојот во образованието, културата и спортот претставуваат активности на кои интезивно работиме во изминатите три години,, истакна Јорданов.

 Инаку, доделувањето на признанијата за исклучителен придонес за развој на градот градот се доделуваат секоја година, а истите имаат за цел да ги истакнат најдобрите.  Осмоноемвриската награда се доделува на секои пет години.

Во Штип денеска се одржаа и традиционалните 23. Митровденски средби, на коишто беа промовирани новите доктори на науки, кои докторирале во изминатата година. Адријана Хаџи-Николова, Емилија Рамбабова, Верица Тонева-Стојменова, Сандра Атанасова, Драгана Папарова, Наташа Мирославева и Мила Митрева докторители во областа на филолошките, стоматолошките, информациски, правни и економски науки меѓу двата Митровдени. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Димитриеска-Кочоска на средба со претставници од Директоратот за соседска политика и проширување

Следно

ГОДИНАВА НЕМА ДА СЕ ПОДДРЖИ НИЕДЕН МАКЕДОНСКИ ФИЛМ, АГЕНЦИЈАТА ГО ПОНИШТИ КОНКУРСОТ

Latest from Blog

Онана во првиот меч за Трабзон имаше 7 одбрани и доби највисока оценка

фото: DİAS (X) Довчерашниот голман на Манчестер Јунајтед, Камерунецот Андре Онана имаше одлично деби на голот на Трабзонспор. Иако неговиот тим загуби на гостувањето кај Фенербахче со 1:0, Онана блескаше на голот

Аморим: Не ми е јасно како ги примаме овие голови

фото: Printscreen Менаџерот на Манчестер Ј., Рубен Аморим изјави дека е незадоволен од дефанзивната игра на неговиот тим на денешното дерби со Манчестер Сити. „Ако ги погледнете головите, можевме да ги избегнеме.

Мицкоски со порака: Ние ќе продолжиме да работиме, да се бориме и на крај ќе победиме

Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од настанатите пожари кои избувнаа викендов. Воедно Мицкоски упати порака: „Она што се случуваше летото и со кое успешно се справивме, ќе продолжи, затоа што некој има

Фото: Супер провокативно издание на Марго Роби, гол грб и проѕирен фустан

Добитничката на Оскар, убавата актерка Марго Роби на промоцијата блесна во проѕирен фустан од колекцијата„ Armani Prive“ пролет 2025. Ова е едно од нејзините први јавни појавувања откако стана мајка минатата есен,
Go toTop