Работниот комитет за Националната развојна стратегија (НРС) одржа состанок во Скопје: Фокус на енергетскиот сектор и долгорочен одржлив развој

November 8, 2024
1 min read

Денес во Скопје се одржа состанок на Работниот комитет за Националната развојна стратегија (НРС), советодавно тело на Советот кое обезбедува експертска и техничка поддршка во имплементацијата на Националната развојна стратегија 2024-2044 година. Овие активности имаат за цел да ги постигнат амбициите за економски раст, социјална правда и одржлив развој, дефинирани со стратегијата, информираат од Министерството за енергетика.

Генералниот секретар на Владата, г. Игор Јанушев, даде воведно обраќање, истакнувајќи ја важноста на оваа иницијатива и ја изрази благодарноста кон УНДП и Министерството за финансии на Република Словачка за нивната поддршка. Јанушев нагласи дека со донесувањето на Националната развојна стратегија 2024-2044 и Програмата за нејзина имплементација 2024-2028, се започнува сериозен процес на долгорочен развој на земјата.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска во своето обраќање изјави дека, иако патот е полн со предизвици, тој отвора и нови можности кои мора да се искористат.

-Македонија се соочува со сериозни предизвици во енергетскиот сектор. Иако потрошувачката на енергија по глава на жител е пониска од просекот на ЕУ, имаме висок степен на енергетска сиромаштија и еколошка деградација. Во 2020 година, 24% од населението се соочуваше со енергетска сиромаштија, три пати повеќе од ЕУ просекот. Нашата цел е да балансираме помеѓу намалувањето на енергетската сиромаштија и зголемувањето на економската продуктивност, додека ги постигнуваме еколошките стандарди. Приоритет ќе ни биде да преминеме кон чиста енергија и да ја зголемиме енергетската ефикасност во сите сектори, особено преку поддршка на ранливите групи, како што се жените и помалку развиените региони. Истовремено, ќе вложиме во модерни технологии и обновливи извори за поголема енергетска ефикасност во индустријата и домаќинствата. Преку праведната транзиција во енергетскиот сектор ќе создадеме зелени работни места и ќе овозможиме родова еднаквост во новите проекти, истакна министерката Божиновска.

Министерката подвлече дека првите две до три години се клучни за имплементација на најважните мерки и ги повика членовите на Работниот комитет да предложат конкретни мерки за брза реализација.

-Со обединети напори од сите партнери можеме да изградиме зелена и одржлива иднина која ќе биде подобра за сите нас, нагласи министерката Божиновска.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини работи на подготовка на нов Закон за енергетика и Закон за обновливи извори на енергија. Работната група, составена од претставници на релевантните институции, енергетски компании, стопански комори и здруженија на производители на електрична енергија, активно го изработува текстот на законот. Предлог-законот се очекува да биде поднесен до Собранието најдоцна до почетокот на декември, со цел исполнување на обврските преземени со Договорот за основање на Енергетската заедница.

Националната развојна стратегија (НРС) е визионерски документ за следните 20 години, кој ја насочува земјата кон долгорочен развој преку четирикратен хеликс модел, овозможувајќи интегрирана соработка помеѓу државата, бизнис секторот, академската заедница и граѓанскиот сектор. Во претстојниот период ќе се разработат конкретни акции за реализација на стратегијата.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Од ГЕРБ со порака: Бојко Борисов треба да биде кандидат за премиер на Бугарија

Следно

Скопјанец украл „поло“ од битолчанка

Latest from Blog

Трипуновски: Нема никаква опасност по ИПАРД средствата, случајот со директорот на АПЗРР да се истражи докрај

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски апелира случајот со директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството и руралниот развој да се истражи докрај. Овој случај, според Трипуновски, е показател дека

Коњановски на премиера на филм посветен на херојот Стив Наумов

Во рамките на одбележувањето на Денот на ослободувањето на Битола, вечерва во Кино Манаки премиерно беше прикажан долгометражниот документарен филм „Мојот вујко Стив Наумов“. На проекцијата присуствуваше градоначалникот на Битола, Тони Коњановски,

Тоневски: Честит и благословен Митровден на сите православни верници

Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, денес присуствуваше на одбележувањето на празникот посветен на светиот великомаченик Димитриј Мироточив – Митровден во селото Турско Рудари. Во заедништво со жителите и верниците, беше одбележан

Лејди Гага и Џастин Бибер се меѓу номинираните за наградата Греми

Лејди Гага и Џастин Бибер, меѓу другите, се номинирани во категоријата најдобар поп албум, според веб-страницата на организаторите. Мајли Сајрус и Теди Свимс се исто така номинирани во оваа категорија. Оливија Дин,

ДЕНЕС Е МИТРОВДЕН: Еве што треба да знаете за големиот празник

Македонската православна црква – Охридска архиепископија и верниците денеска го слават Свети великомаченик Димитриј – Митровден. Свети Димитриј се роди во Солун, во третиот век. Беше син единец на солунскиот војвода. По
Go toTop