Заменик министерот Ључи: Се додека Гаши, Ибрахими и Сали се на чело на Алтернатива, нема да бидам дел од партијата

February 15, 2023
1 min read

Заменик министерот за култура, Даим Ључи, на својот фејсбук профил го обвини раководството на партијата на заминување од владејачката коалиција, Алтернатива, дека го бојкотирале во секоја негова иницијатива во текот на последните осум месеци и рече дека се додека Африм Гаши, Зеќирја Ибрахими и Беким Сали се на чело на Алтернатива тој нема да биде дел од партијата. „Не плачете како жени, кога не сте способни да заштитите како мажи“, напишал тој.

– Меѓудржавните договори што успеав да ги постигнам почнаа да им сметаат на некои поединци на Алтернатива, особено на лидерот на партијата Африм Гаши, поранешниот генерален секретар Баким Сали, кој на нивно бев игнориран, или поточно, беше бојкотирана секоја моја иницијатива, напиша меѓудругото заменик министерот Ључи.

Тој обвинува дека после Конгресот на партијата Алтернарива, иако имал политичка функција, бил единствениот функционер на партијата кој не бил член на Централното претседателство и дека бил отстранет од сите централни партиски форуми.

– Јавно изјавувам дека додека Африм Гаши, Зеќирја Ибрахими и Беким Сали се на чело на Алтернатива, јас ќе бидам надвор од сите партиски структури, стојам на иста политичка линија со пратеникот Скендер Реџепи-Зејди за Алтернатива и за ова немам никаква политичка и морална обврска да одговорам на желбата или на повикот на некои политички пропаднати поединци со задоволување на нивното его, а најмалку на кланот Африм Гаши (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВИДЕО ОД ВНАТРЕШНОСТА НА ЗГРАДИТЕ ДОДЕКА СЕ РУШЕА КАКО КУЛИ ОД КАРТИ – ѕидовите паѓаат како да се од хартија…

Следно

ПО ТУРЦИЈА СЕ ТРЕСЕ И НОВ ЗЕЛАНД – надзорните камери снимаат што се случува за време на потресот, целиот свет гледа и се стаписува (ВИДЕО)

Latest from Blog

Израел се закани: Доколку Хамас киднапира еден заложник, насилно ќе евакуираме милион граѓани на Газа

Кац рече дека неговата закана доаѓа по разузнавачките информации за можни потези на Иран, Турција и нивните сојузници, вклучително и Хамас, пишува The Jerusalem Post. Тој тврди дека Израел сака да користи

ЕВН: Набавката на броила поминала низ утврдена постапка и проверка на сите критериуми

Во однос на самата постапка, од ЕВН Македонија нагласуваат дека набавката била спроведена согласно законските прописи и однапред утврдените процедури. „ЕВН Македонија ја спроведе постапката за набавка на броила во целосна согласност

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина
Go toTop