Жена спасена од под урнатините 227 часа по земјотресот во Туркије

February 15, 2023
1 min read

КАХРАМАНМАРАШ (АА) – Спасувачките екипи спасија 74-годишна жена во Кахраманмараш од под урнатините на зграда, 227 часа по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.

Два разорни земјотреси, првиот со интензитет од 7,7 степени по Рихтер, во понеделникот наутро во 4:17 часот по локално време, со епицентар во округот Пазарџик, и вториот во 13:24 часот, со интензитет од 7,6 степени по Рихтер, со епицентар во местото Елбистан, ги потресоа јужните делови на Туркије. Епицентрите на земјотресите се регистрирани во турската област Кахраманмараш. Бројни спасувачки екипи сѐ уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Успешната акција на спасување 227 часа по земјотресите ја изведоа спасувачите од Кастамону и Сакарија кои прво ја лоцираа Џемиле Кекеч, а потоа ја извлекоа од под урнатините на шесткатна зграда во градот Дулкадироглу.

Спасувачите ја предадоа спасената 74-годишна Џемиле на амбулантното возило каде што ѝ е укажана прва помош, а потоа е префрлена во болница.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЕ НАДЕВАМ ДЕКА ОФФ-ФЕСТ ЌЕ СЕ ПРЕМИСЛИ И ЌЕ ЈА ИСКОРИСТИ ЖАЛБАТА КАКО ПРАВНА АЛАТКА, РЕЧЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА КУЛТУРА ОТКАКО ФЕСТИВАЛОТ СЕ ОТКАЖА ПОРАДИ СКРАТЕНИ ПАРИ

Следно

ОН бара 5,6 милијарди долари помош за милиони Украинци

Latest from Blog

Поранешни противници бараат помош од австралиската влада поради здравјето на Имран Кан: Ќе умре во затвор

Вчера, седум поранешни австралиски капитани во крикет ја повикаа министерката за надворешни работи на земјата, Пени Вонг, да интервенира дипломатски во врска со продолжениот притвор на поранешниот пакистански премиер, изразувајќи загриженост за
Go toTop