Турскиот министер Фидан: Туркије и Латвија ќе ја зајакнат соработката во одбранбената индустрија

October 22, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Туркије и Латвија ќе ја зајакнат соработката во одбранбената индустрија, изјави денес турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, јавува Анадолу.

„Ќе ја зајакнеме нашата соработка на ова поле со конкретни проекти“, рече Фидан на заедничката прес-конференција со неговата латвиска колешка Баиба Бразе во Анкара.

Во врска со борбата против тероризмот, Фидан рече: „Особено во борбата против ФЕТО (терористичката организација), би сакал уште еднаш да го изразам нашето очекување за посилна соработка и преземање конкретни чекори.“

Тој ја истакна решеноста на Туркије „одлучно“ да ја продолжи својата борба против терористичката организација одговорна за обидот за пуч во Туркије во 2016 година.

Изразувајќи ја благодарноста на Анкара за поддршката на Рига за процесот на пристапување на Туркије во Европската Унија, Фидан рече дека членството во 27-члениот блок е „стратешка цел“ за Туркије.

Истакнувајќи дека Туркије има политичка волја да ги развива односите со ЕУ на „конструктивен“ и на начин „ориентиран кон резултати“, тој го нагласи очекувањето Унијата да покаже јасен став.

Фидан повика и на прекин на израелската војна во Газа и Либан.

„Израел, убивајќи цивили, не може да постигне мир и безбедност“, истакна Фидан, додавајќи дека меѓународната заедница мора да ги поддржи палестинските напори за основање сопствена држава на сопствената територија, за воспоставување мир во Израел и на целиот Близок Исток.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Скопје за прв пат домаќин на Конвенцијата на Европската атлетска асоцијација

Следно

Над 100 производи во грчките маркети со намалени цени од шест до 15 отсто

Latest from Blog

Британски дипломат протеран од Русија поради обвинувања за шпионажа

Доказите за шпионажа ги открила Московската агенција за безбедност и контраразузнавање, пренесуваат руските медиуми, при што на неименуваниот дипломат му е наредено да ја напушти земјата во рок од две недели. Британската

Министерството за правда и Управниот суд потпишаа Меморандум за соработка

Во пресрет на Денот на правосудството, Министерството за правда претставувано од министерот за правда Игор Филков и Управниот суд претставуван од претседателот на судот, Бурим Сејдини, потпишаа Меморандум со кој се воспоставува

Пред Велигден под лупа: Агенцијата за храна со засилени контроли на јајца, месо и бои

Во пресрет на велигденските празници и традиционално зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведува засилени контроли кај операторите со храна
Go toTop