Потресни сведочења: Продолжи судењето за масовното убиство кај Младеновац

October 21, 2024
1 min read

Во Специјалниот суд во Белград денеска продолжи судењето на Урош Блажиќ, кој лани во мај уби девет млади и рани уште 12 во селата Мало Орашје и Дубона кај Младеновац, како и на и неговиот татко, јави дописникот на МИА од Белград.

На рочиштето присуствуваа бројни членови на семејствата и пријателите на загинатите и повредените во селата кај Младеновац, како и нивни претставници кои носеа црни маици на кои беше испишан датумот 4.5.2023 година со порака „Живеете“.

На претходните рочишта сведочеа повредените, и родителите на загинатите во масовното убиство и ранетите на 4 мај 2023 година, а денеска судењето продолжи со распит на сведоците, меѓу кои и Андријана Митровиќ, која беше ранета на 4 мај во Дубона.

Митровиќ изјави дека тогаш Урош Блажиќ го запрел автомобилот во близина на дворот и дека едeн од нејзините пријатели му рекол „Чекај, што правиш“, но Блажиќ, според неа, рекол „Рацете горе“ и потоа пукал рафално во нив. Таа рече дека почувствувала дека е погодена и дека паднала и се преправала дека е мртва, после што не се сеќава на ништо.

На прашањето на обвинителката дали се сеќава дека Блажиќ се вратил повторно да ги застрела пријателите, Митровиќ рече дека мисли да тој се вратил и поединечно пукал во нејзината другарка која врескала, и дека и неа уште еднаш ја застрелал во грб.

Сведочењето и на останатите сведоци, роднини, пријатели на убиените млади од Дубона и Орашје исто така беа потресни, тешки, во еден момент и на раб на инцидент кога сведокот Ј.М. на кого му се убиени двајцата браќа тргна накај обвинетите Урош и татко му со зборовите „Си воспитал монструм“, но беше спречен од обезбедувањето.

Денешното судење заврши и ќе продолжи во понеделник, 28 октомври.

Вишото јавно обвинителство во Смедерево го товари Урош Блажиќ за тешко убиство, а неговиот татко Радиша за недозволено држење и носење оружје и експлозивни материи. Обвинителството предложи казни од 20 години затвор за двајцата.

Законот предвидува Урош Блажиќ да не може да биде осуден на доживотен затвор, бидејќи во времето кога го извршил делото имал неполни 21 година. Затоа максималната казна на која може да биде осуден е 20 години.

Судењето започна во август 2024 година, а од безбедносни причини само физички беше преместено од Смедерево во судницата на Специјалниот суд во Белград, поради инцидентот што се случи во мај на самиот почеток на прелиминарното рочиште во Вишиот суд во Смедерево.

Урош Блажиќ на првото рочиште во август ја призна вината и изјави дека е подготвен да одговара за стореното. Радиша Блажиќ пред судот ја негираше вината и рече дека не знае од каде е пронајденото оружје во неговата куќа по масовното убиство на 4 мај.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дрекслер: Берлинскиот процес го исцрта патот кон конкретни чекори напред преку поддршка на заедничкиот акциски план за регионален пазар

Следно

Негативни на птичји грип се резултатите на вработените во Зоо Скопје

Latest from Blog

Битола петта година ги вклучува граѓаните во планирањето на општинскиот буџет

Жителите на Битола и околните населени места ги изнесоа своите предлози за општинскиот буџет за 2027 година на втората сесија од Буџетскиот форум. Меѓу темите беа инвестициите во Старата чаршија, санацијата на

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се
Go toTop