СДСМ: Економијата е во слободен пад – Мицкоски: Откако сме на власт, индикаторите се позитивни

October 19, 2024
1 min read

Економијата е во слободен пад, обвинуваат од СДСМ по најновиот извештај на Светска банка за прогнозите за растот на економијата. Од Банката претходно истакнаа дека Македонија ќе ја заврши годинава со раст од 1,8%. Пратеникот Фатмир Битиќи тврди дека економијата е на смртна постела, а политиките на ВМРО-ДПМНЕ не ги заштитиле граѓаните од ударот со растот на цените. Дополнително, Битиќи нагласи дека, како што вели, унгарскиот компромитирачки кредит ќе влијае на зголемување на јавниот долг, а единствено светло на крајот на тунелот е Планот за раст што го најави Европската Унија.

„Во извештајот јасно се забележува дека главната причина за овој пад е “топло-ладниот” однос према реализирањето на клучните инфраструктурни проекти – Коридорите 8 и 10Д, кои требаше да донесат економски бенефит, но ВМРО-ДПМНЕ ги држи на хартија. Наместо да се движиме напред, владата дозволи овие проекти да останат закочени, а тоа има катастрофални последици за БДП.“, вели Битиќи.

Премиерот Христијан Мицкоски неодамна нагласи дека слабата прогноза се должи на политиките од изминатите седум години. Според него, откако ВМРО-ДПМНЕ ја предводи Владата овие месеци се забележуваат подобрувања и очекува растот на крајот на годината да е поголем од оној што го прогнозирала Светската банка. Лошата слика ја образложи со слабиот раст во првиот квартал од годинава.

„Јас сум прилично задоволен што слободното паѓање го сопревме и добро е што е откако оваа сите индикатори се позитивни. Но, она што можам да го кажам е дека се што кажала СДСМ промашила. Така што, овие прес-конференции треба да бидат само знак дека спротивно од тоа што тие го кажуваат ќе биде во реалноста.“, изјави Мицкоски.

Мицкоски очекува во иднина да ги престигнеме соседите. Македонија, според Светска банка, ќе ја заврши годината со најмал раст од 1,8% во споредба со земјите од регионот. Највисок раст ќе имаат Косово и Србија со по 3,8%.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Лазаров: Горд сум на моите играчи

Следно

Наутро студено со магла, попладне променливо облачно

Latest from Blog

Божиновска ќе се сретне со американскиот секретар за енергетика на трансатлантски форум во Атина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ќе присуствува на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC), што ќе се одржи во Атина, Грција, по официјална покана од американскиот секретар

Шведска воведува затвор за 13-годишници

Шведскиот премиер Улф Кристерсон во септември објави планови за намалување на возраста за кривична одговорност за најтешките кривични дела, вклучувајќи убиство и тешка експлозија, од 15 на 13 години. Реформата на законот

Проданоски: Почит кон културното наследство на Прилеп – ѕвезда на Коста Смилески

Синоќа во Прилеп, заедно со членовите на семејството на Коста Смилески, беше откриена ѕвездата на патеката на познатите прилепчани, посветена на еден од најзначајните музички дејци на градот и македонската култура. Коста
Go toTop