Стефковски со амбасадорот на Словенија закројуваше лозница

February 14, 2023
1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски заедно со амбасадорот на Словенија во Република Македонија, Милан Предан во рамки на Земјоделскиот институт учествуваа на закројување на лозницата по повод Св. Трифун.

За настанот, градоначалникот Стефковски објави детали на својот официјален профил на фејсбук.

– Македонската традиција на Св. Трифун ја продолживме со закројување на лозата во Земјоделскиот институт. Заедно со Амбасадорот на Република Словенија Милан Предан на покана на Земјоделскиот институт ја продолживме македонската традиција на закројување на лозницата по повод христијанскиот празник Св. Трифун. Во рамки на Земјоделскиот институт се засадени една македонска и една словенска лоза, што го отсликува македонско – словенското пријателство. Нека благословот на Св. Трифун даде плодна и бериќетна година за сите лозови насади во нашата Македонија. Да е честит и за многу години денешниот празник, напиша Стефковски.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

СЗО за земјотресите во Туркије: Сведоци сме на најголемата природна катастрофа во последните сто години

Следно

Романија крена два авиони Миг-21: Мистериозен објект на небото два часа пред земјотресот

Latest from Blog

Тоневски: Првачињата со голем интерес се запознаа со работата на Општината Пробиштип

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, денеска оствари средба со најмладите жители на општината, кои имаа можност одблиску да се запознаат со работата на локалната самоуправа и со обврските на градоначалникот. На

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот е навремена реакција – Јавните финансии ги водиме одговорно

8 октомври 2026, Скопје – Ребалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот
Go toTop