Сиљановска Давкова: Нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа

October 11, 2024
2 mins read

Нас никој не нѐ ослободи, сами се ослободивме со помош на над 110 илјади Народно-ослободителна војска за Македонија. Нам никој не ни ја подари државата, сами се изборивме за неа. За нас антифашистичката беше и истовремено и Народно-ослободителна војна, во која дадовме 24.000 жртви, затоа ние не смееме да дозволиме историски ревизионизам и релативизирање на народно ослободителната и антифашистичката борба, бидејќи со тоа би се поткопале илинденските и антифашистичките темели, врз кои е изградена македонската држава, порача денеска претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова во Музејот на македонската борба, по повод Денот на народното востание на македонскиот народ —  11 Октомври.

Претседателката Сиљановска – Давкова во своето обраќање посочи дека 11 Октомври е денот кога македонскиот народ без колебање ја има избрано вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото, и како што рече „неслучајно македонската држава за која копнееја Илинденците и за која се изборија антифашистите, трае веќе 80 години“.

-На 11 октомври во 1941 година македонскиот народ посегна по непресушното човеково право на отпор против опресијата, неправдата и окупацијата, и храбро без колебање ја избра вистинската страна во најголемата војна во историјата на човештвото. 11 Октомври е меѓникот, денот кога ние храбро и одлучно се вклучивме во антифашистичката коалиција на слободоумни и правдољубиви народи. Херојската борба против фашизмот нѐ сплоти, нѐ прероди и ни даде легитимитет како народ да се самоопределиме и да создадеме слободна македонска држава на првото заседание на АСНОМ. Како еден од најголемите демократски триумфи на човештото, антифашизмот ни овозможи на историската сцена да настапиме рамноправно и со чиста совест да учестуваме во обновата на разрушениот свет. Неслучајно македонската држава за која копнееја Илиденците и за која се изборија антифашистите, трае веќе 80 години, рече Сиљановска Давкова.

Македонската химна, додаде, ја симболизира незапирливата борба за правдата, и како што рече, го опева континуитетот со Илинден, навестувајќи ја слободата на Македонија.

– Но, во македонската химна е пишано и едно предупредување. Дали некогаш сте се запрашале, зошто текстот на македонската химна е испеан во сегашно, наместо во минато време? Зошто по АСНОМ ние не пееме дека денес над Македонија веќе се родило новото сонце на слободата? Дека македонците веќе се избориле за своите правдини? Зошто? И по 8 септември 1991 година, македонската химна се уште е во сегашно, а не во минато време?, истакна претседателката.

Вели секоја нова генерација се соочува со нови предизвици, а најголема жртва, рече, треба да дадат оние кои имаат најголема одговорност и мора одново да се избори за овие вредности.

-Секоја нова генерација се соочува со нови предизвици и мора одново да се избори за овие врвни вредности и да ги интернализира. Секоја нова генерација, вклучително и нашава, треба да даде своја жртва за слободата и за правдата, затоа што само жртвата нѐ освестува за нивната вредност, а најголема жртва треба да дадат оние кои имаат најголема одговорност, односно политичарите избрани од македонските граѓани да ги застапуваат, да ги претставуваат, и со својот личен пример да се борат за националните и државните интереси, посочи Сиљановска Давкова.

На свечената академија по повод Денот на народното востание на македонскиот народ —  11 Октомври, присустуваше и премиерот Христијан Мицкоски, министри, пратеници и претставници од дипломатскиот кор. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Добитник на Нобеловата награда за мир е организација на преживеаните од атомските бомбардирања на Хирошима и на Нагасаки

Следно

Сиљановска Давкова: Како што партизаните се бореа против фашистичката окупација, така и ние треба да се бориме против неправдите на нашето време

Latest from Blog

Игор Стефановски-Иџе ја брка третата победа на „Рампа да Фалпера“

Најдобриот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, овој викенд ќе ја вози третата трка во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, на патеката „Рампа да Фалепра“ во португалска Брага. По првите две трки во

Турското беспилотно летало АКИНЏИ успешно го заврши тестот со сетот за наведување од домашно производство

ИСТАНБУЛ (АА) – Дронот „Бајрактар ​​Акинџи“, едно од истакнатите турски беспилотни борбени летала, успешно го заврши тестот за гаѓање со комплетот за наведување ТЕБЕР-83 на турската одбранбена компанија „Рокетсан“, објави денес компанијата

И Сиљановска Давкова со честитка до новиот папа!

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва упати честитка до новиот папа Лав XIV. „Топло му честитам на Неговата Светост Папата Лав XIV за неговото назначување за водач на Католичката црква и му посакувам

Мицкоски: Изборот на Лав XIV е симбол на ново време на отвореност

Премиерот Христијан Мицкоски, на својот фејсбук-профил, го честита изборот на новиот поглавар на Римокатоличката црква папата лав четиринаесетти.   – Изборот на неговата светост, папата Лав xiv, прв понтиф со потекло од
Go toTop