Сиљановска Давкова: Уставниот суд требаше многу порано да ја донесе одлуката за укинување на балансерот

October 10, 2024
1 min read

Уставниот суд требаше многу порано да ја донесе одлуката за укинување на балансерот, бидејќи администрацијата ни е болна и не мислам дека сме во безбедносна криза поради неговото укинување, истакна вечерва претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

-Сите ги упатувам најпрво уште еднаш да го препрочитаат Охридскиот рамковен договор, бидејќи се повикуваат на изворот. Таму јасно пишува дека кога зборуваме за администрација и вработување првиот критериум е стручност и компетентност и велат дека покрај нив, треба да се почитува и основното начело на правичност и соодветна застапеност, рече Сиљановска Давкова во интервју на ТВ 21.

За неа лично, како што кажа, е спорен и самиот збор балансер.

-Терминот балансер ми е спорен, и инструментот. Што балансирате? Ако балансирате и стручност и компетентност и правична застапеност, тоа е во ред, посочи Сиљановска Давкова.

Нагласи дека е недозволиво луѓе да се пишуваат во друга националност, само за да добијат работа.

-Не може да е занимање да бидете Македонец, Турчин, Ром, Влав и не може, ако треба да имаме соодветна застапеност, да се соочиме со еден феномен луѓето во еден ден, недела или во текот на една година да се декларираат така како што е курентно, зошто – за да бидат примени на работа, посочи Сиљановска Давкова.

Истакна дека поради балансерот администрацијата ни е болна.

-Директори, менаџери сите имаат,… дури до таа мерка станавме ние непрепознатливи или нестандардни што отворено после секои избори се кажува тоа и тоа амбасадорско место и припаѓа на таа партија, тоа директорско место. Ние немаме свест за противправност. Е сега Уставниот суд, бидејќи е чуварот на Уставот и законите не потсети на тоа, повикувајќи се со право на скринингот оти рентгенот покажува дека сме болни во поглед на администрацијата, порача Сиљановска Давкова.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Македонските мировници во Либан по нападот на израелската војска се неповредени и безбедни

Следно

Бројот на загинати во израелскиот напад на Бејрут се искачи на 18

Latest from Blog

Барселона поднесе кандидатура за домаќин на финалето во ЛШ 2029

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона, заедно со Градскиот совет на Барселона и Владата на Каталонија, ја достави почетната документација до Европската фудбалска унија (УЕФА) за организација на финалето во Лигата на шампионите во

154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 154 години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев, визионерот, кој пред повеќе од еден век го разбра светот како поле за културен натпревар на народите. Централното

Состојба на патиштатa

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема

Речиси 900 сметки во швајцарска банка се поврзани со нацистите, истрагата ја споменува и Аргентина

Тој зборуваше пред сослушувањето на Сенатскиот судски комитет за улогата на банките во олеснувањето на Холокаустот, додавајќи дека се откриени и нови детали за шема за помагање на нацистите да избегаат во
Go toTop