Еве какво време не очекува следните денови

1 min read

Времето утре ќе биде променливо облачно, а претпладне со повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец.

Во Скопје променливо облачно, претпладне во делови од котлината со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб јужен ветер.

Повремен локален дожд и услови за ретки грмежи ќе има и во петок, додека пак во четврток и во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и релативно топло.

Максималните температури ќе се движат од 20 до 29 степени.

ИЗВОР: ТВ 21

Претходно

Почина истакнатиот македонскиот поет, прозаист и преведувач Михаил Ренџов

Следно

ДОАЃА ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Петок неработен ден за сите граѓани

Latest from Blog