Папата Франциск: Светот е „срамно неспособен“ да донесе мир на Блискиот исток

October 7, 2024
1 min read

 Папата Франциск денеска ја осуди „срамната неспособност“ на меѓународната заедница да го запре воениот конфликт на Блискиот Исток, година дена по нападот на Хамас врз Израел.

„Пред една година се запали фитилот на омразата; не потпукна, туку експлодираше во спирала на насилство“, наведе тој во отвореното писмо до католиците на Блискиот Исток.

„Изгледа дека многу малку луѓе се грижат за она што е најпотребно и најпосакувано: дијалог и мир. Насилството никогаш не носи мир. Историјата го докажува тоа, а сепак се чини дека години и години исполнети конфликти не не научија ништо“, напиша Папата.

Папата Франциск, кој понеделникот го направи ден на пост и молитва за католиците низ светот, поотворено зборува за конфликтот меѓу Хамас и Израел во последните неколку недели и се повеќе ја критикува израелската воена кампања. 

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

БиХ: Првиот авион на турската компанија „AJet“ слета во Тузла, еден лет неделно на релација Тузла-Истанбул

Следно

Советот на министри на БИХ без одлука за прогласување Ден на жалост, утре е Ден на жалост во Република Српска

Latest from Blog

Започнува чистењето на Скопје, Меџити: Ова е почеток на едно ново поглавје за Скопје

По неколку тешки недели, кога Скопје беше преплавено со отпад поради блокади и негрижа, градоначалникот на Чаир, Изет Меџити, заедно со премиерот Христјан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, вечерва излегоа
Go toTop