Одбележан Европскиот ден на органодонорството, за неполни четири години направени 85 трансплантации

October 7, 2024
2 mins read

реку едукација на медицинските лица, популацијата и медиумите до зголемување на свесноста за дарување на органи. Ова беше главната порака на денешниот настан по повод Европскиот ден на органодонорството – 7 октомври, што беше одбележан во рамките на проектот „Поддршка на системот за трансплантација“, финансиран од Европската Унија.

На отворањето на настанот во Кинотека на Македонија, министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека сите здравствени работници имаат заедничка цел за зголемување на свесноста за дарување на органи преку едукација на медицинските лица и на популацијата. Тој потенцираше дека на листата на срце, црн дроб и бубрези, во моменов нема пациенти означени како итни.

– Пораката на овој хуман чин е да допре до пошироката јавност. Огромно е значењето на дарувањето на органи, тоа значи живот за луѓето кои чекаат трансплантација на органи, што претставува шанса за продолжување на нивните животи и шанса за поквалитетен живот на овие пациенти, рече тој.

Министерот информираше за тековните активности што се преземаат во овој домен помеѓу кои ги спомена соработката со Министерството за здравство на Хрватска од каде при нивната посета добивме предлози за подобрување на системот од аспект на законодавство, усогласување со стандардите на ЕУ како и организација на системот.

– Активни се обуки на нашите лекари во делот на детектирање на пациенти со мозочна смрт, разговор со семејството, детекција на пациенти со срцева слабост како и подготовка и следење на пациентите. Во ноември почнува обука за болнички координатори за трансплантација. Нашата заложба е континуирано унапредување на системот, рече тој.

Претставничката на ЕУ во земјава, Марија Канелопулу, на настанот истакна дека Европската Комисија забележала дека е остварен напредок во однос на органодарителството и трансплантацијата во земјава како и напори за уредување на модерни процедури за трансплантирање на крвни плочки.

– Во случајот на Северна Македонија гледаме дека се истражуваат можностите со повеќе европски организации за трансплантација. Оваа област на донација и трансплантација на ткива, коски и органи е првата област каде ЕК ги воведе правилата процедурите за да се осигура дека постојат стандарди за безбедноста на сите. Има многу закони кои се во сила и две клучни начела што раководат со дарувањето на органи, тие треба да доаѓаат од починати или живи органи на доброволна основа и набавката се движи на непрофитна основа, посочи таа.

Дополни дека е од витално значење секоја земја да изготви структури, да го образува персоналот и да воспостави инфраструктура за целосна примена на овие регулативи при што потенцираше дека е многу значајно да се задржи искусниот персонал и нивното знаење да се надградува.

Според националната координаторка за трансплантација на РСМ, Биљана Кузмановска, развојот на трансплантационата медицина подразбира можност на пациентите да се даде орган кој ќе значи додадени години на живот, како и додаден квалитет во годините на живот кои што ќе ги добијат. 

– Оттука произлегува важноста за свесноста како на медицинскиот кадар, така и на општата популација за органодарителството. Свесноста за органодарителството се подига преку едукација на здравствените работници уште од студентски денови кои што подоцна ќе израснат во експерти, а важна е и едукација на медиумите, посочи таа.

Васко Јолевски од „Храбро срце” сподели колку за пациените е важен овој хуман чин.

– Во оној момент кога не можеме да направиме ништо за својот близок, треба да бидеме крајно хумани, да донесеме тешка одлука, дел од нашиот близок да живее во некој друг, односно да спасиме нечиј живот, посочи тој.

Република Северна Македонија го одбележува Европскиот ден на органодонаторство – 7 октомври со 85 донирани органи за неполни четири години, од кои 38 бубрега, 11 срца, четири црни дроба и 32 коскени ткива.

Во 2020 година беше направена првата трансплантација на срце, 2021 прва трансплантација на коскени ткива, додека, во 2022 прва трансплантација на црн дроб.

Во рамките на настанот се одржа и изложба на дела од Конкурсот за најдобро избрано решение за плакати.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Донарума: Критиките не ме засегаат

Следно

Мицкоски: Десет милиони евра од буџетот за 2025 година наменет за млади до 29 години за отпочнување бизниси

Latest from Blog

Еве што му рече на судијата суспендираниот Александар Коларов

Александар Коларов е суспендиран откако беше исклучен на натпреварот против Удинезе (5:3). Коларов доби црвен картон во 19-тата минута од натпреварот против „зебрите“ поради протест против судијата Лука Паирет. Тој продолжи да

Нападнат е танкер со нафта во Ормутскиот теснец- исчезнаа двајца морнари, 23 се спасени

Танкерот „Ел Гаја“ со панамско знаме беше нападнат во вторник и сега влече кон оманско пристаниште, објави Би-Би-Си. Пожар и штета Оманскиот центар за поморска безбедност објави дека по нападот избувнал пожар

Испишана е историја во италијанскиот фудбал: По четири кола уште нема резултат 0:0!

ФОТО:facebook.com/Inter Што ли се случува со фудбалот? Имено италијанскиот фудбал на почетокот од новата сезона забележа историски куриозитет – во првите четири кола од Серија А и Серија Б, ниту еден натпревар

Трамп: Крај на нападите врз енергетските цели; Русија: Да, но имаме услов

Кремљ денес го поздрави предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за мораториум на меѓусебните напади на Русија и Украина врз енергетските капацитети, но Москва веднаш постави јасни услови – бара заштита на

7,3 милиони денари промет на берзата: Комерцијална банка повторно најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 15.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.151,03 поени. Во однос
Go toTop