Донација на Стопанска банка: Институтот за патологија доби апарат за врвна дигитална дијагностика

September 23, 2024
2 mins read

Стопанска банка АД – Скопје со посета на Медицинскиот факултет во Скопје ја официјализираше донацијата на врвна технологија за Институтот за патологија. Донацијата опфаќа набавка на специјализиран скенер за патохистолошки препарати кој со помош на вештачка интелигенција и напреден медицински софтвер помага попрецизно и побрзо да се анализираат примероците кои во Институтот пристигнуваат од сите клиники и клинички центри во земјата. Дополнително, оваа опрема ќе се користи и во едукациски цели, со што високо ќе го профилира Институтот кај идните студенти и специјализанти создавајќи одржливост на професијата на долг рок.

Донацијата е дел од активностите што Банката ги спроведува во годината кога го одбележува 80. јубилеј, оставајќи и понатаму траен белег врз заедницата. Оваа донација Банката ја надополнува и со изградба на современа читална во рамки на Клиничкиот центар која слободно ќе можат да ја користат студентите и специјализантите во текот на студиите.

Донацијата во име на Стопанска банка ја предаде генералниот извршен директор и претседател на одборот на директори, Диомидис Николетопулос.

– За нас е големо задоволство, но и гордост што повторно сме тука, на универзитетските клиники и институти, продолжувајќи ја нашата посветеност на здравјето како врвен приоритет за секој човек.

Стопанска банка ја посветува донацијата на посветените членови на факултетот и студентите, инвестирајќи со тоа и во квалитетот на медицинското образование на долг рок. Веруваме дека новата опрема ќе ги поттикне следните генерации медицински професионалци да се истакнат во нивните студии, во полза на голем број пациенти во иднина. Силниот здравствен систем е столбот на едно просперитетно општество и како значаен член на заедницата, веќе 80 години ја поврзуваме Стопанска банка со континуираното зајакнување на системот, економијата и заедницата – им порача Николетопулос на деканот на Медицинскиот факултет и претставниците на Институтот за патологија.

Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ, ѝ се заблагодари на Стопанска банка за тоа што им се обратила за донација и одлучила да ја поддржи дијагностичката дејност на Институтот за патологија.

– Значењето на донацијата е најевидентно преку имплементацијата на дигиталните алатки во полето на патологија, односно преку зголеменото нивото на точност и го побрзото изготвување на патохистолошките наоди, со што се намалува времето на чекање за дијагноза, која што е клучна за третманот на пациентите од сите наши клиники. Дополнително, оваа опрема ни отвора простор и за телепатологија, односно дигитална консултација на далечина со референтни центри за одредени комплексни патолошки случаи, што досега не беше достапно. Како декан, мојата грижа, покрај за пациентите на Клиничкиот центар, е и за академскиот кадар – професори, студенти и специјализанти, па оттука ме радува и фактот што Банката покрај опремата, ќе донира и најсовремена читална во средиштето на Центарот наменета за генерации студенти. Своевиден дом надвор од дома, неопходен за долгиот процес на едукација на идни врвни медицински кадри, со што создаваме одржливост на здравствениот систем – истакна Антовиќ.

Дигиталниот скенер веќе е во функција на Институтот за патологија, за што е спроведена и темелна обука на кадарот и со која значително ќе се подобри функционалноста на дијагностиката поврзана со сите универзитетски клиники.

 

*Комерцијален текст

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Анадолу стартува со обука за новинарство за животна средина и клима, прва од ваков вид во светот

Следно

Знаковниот јазик е богат и комплексен јазик кој ја одразува културата и идентитетот на заедницата која има проблеми со слухот

Latest from Blog

По пукањето во Маниса приведени малолетникот, неговите родители и дедо му – 11 се ранети

Гурлек соопшти дека малолетникот кој пукал пред училиштето е приведен, како и неговите родители и дедо му. Инцидентот се случил околу 8 часот наутро по локално време во градот Тургутлу, во близина

Димитриеска-Кочоска во Њујорк на форум за растот и иднината на новата економија

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска во Њујорк ќе учествува на работната сесија „Поттикнување на растот во новата економија“, во рамки на Sustainable Development Impact Meetings 2026, организирани од Светскиот економски форум.

Проданоски со австралискиот амбасадор: Фокус на инвестиции, економска соработка и нови проекти

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска остварил средба со амбасадорот на Австралија во Република Србија, со акредитација и за Македонија, Питер Трасвел, почесниот конзул и претставници на Амбасадата на Австралија. На

7,19 милиони денари промет на Берзата: Комерцијална банка убедливо најтргувана

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 22.09.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.989,30 поени. Во однос
Go toTop