Низа приведувања во Туркије по двата разорни земјотреси

February 13, 2023
1 min read

ГАЗИАНТЕП (АА) – Неколку лица се приведени денес во Туркије по двата големи земјотреси кои минатата недела ги погодија југоисточна Туркије и западна Сирија, јавува Анадолу.

Назми Тосун, градежен надзорник и технички претставник на „Апартман Емре“, кој беше уништен во подрачјето на Газиантеп, беше приведен утринава во Истанбул.

Обвинителите на Малатија, денес исто така издадоа налози за приведување на 31 лице поради урнатите згради во градот.

Полицијата го приведе Хасан Алпаргун во Турската Република Северен Кипар (ТРСК) откако некои згради направени од неговата градежна компанија се урнаа во јужната област Адана во текот на викендот.

Изведувачот Ибрахим Мустафа Унџуоглу е приведен во Истанбул, откако е занемарен техничкиот преглед на остатоците од станбена зграда во областа Газиантеп.

Истанбулската полиција приведе уште еден изведувач, Мехмет Ертан Акај, откако неговата зграда се урна за време на земјотресот во Газиантеп.

Обвинителите издадоа налог за апсење на Акај под обвинение за убиство од небрежност и прекршување на градежниот код.

Во саботата беше приведен и Мехмет Јашар Џошкун, изведувач на голема станбена зграда во тешко погодената област Хатај.

Претходно, безбедносните сили го приведоа Џошкун на аеродромот во Истанбул на пат кон Црна Гора, при обид да ја напушти Туркије.

Џошкун тврдеше дека не знае кои се причините за уривањето на зградата, и дека неговиот лет за Црна Гора не бил поврзан со урнатата зграда.

Министерот за правда на Туркије, Бекир Боздаг, во средата вети дека ќе преземе акција против небрежноста по смртоносните земјотреси.

Истакнувајќи дека сега приоритет е да се спасат луѓето кои се заробени под урнатините, Боздаг рече: „Потоа ќе следи судски процес. Сите оние кои имале невнимание и вина ќе одговараат.“

Најмалку 29.605 луѓе загинаа во двата силни земјотреси, соопшти турската Агенција за справување со катастрофи (АФАД).

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во областа Кахраманмараш, погодија повеќе од 13 милиони луѓе во 10 области, Хатај, Газиантеп, Адана, Адијаман, Дијарбакир, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа.

Неколку земји во регионот, вклучувајќи ги Сирија и Либан, ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Туркије за помалку од 10 часа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Новата „Пазар 3“ коалиција нема да донесе ништо подобро за граѓаните – наместо проекти и инвестиции, ќе има криминал и корупција

Следно

САД собориja неидентификуван беспилотен објект над регионот на Големите Езера во Мичиген

Latest from Blog

Трамп: Би сакал да видам обединета Ирска

За време на средбата со ирскиот премиер на имотот Фармли во Даблин, американскиот претседател рече дека обединета Ирска би била „големо признание за сите“. „Како би можело тоа да биде лошо?“, праша

Македонското друштво “Илинден“-Тирана ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија со злоупотреба на здравјето на жителите во областа Преспа. На 11 септември 2026 се направени прегледи од страна на бугарски лекари во државна

Проданоски: ГФК Победа е симбол на нов почеток за прилепскиот спорт

Денес започнува ново поглавје за прилепскиот фудбал, со првиот официјален натпревар на ГФК Победа – Прилеп, порача градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Тој изрази поддршка за иницијативата и за сите кои
Go toTop