ВМРО-ДПМНЕ: Новата „Пазар 3“ коалиција нема да донесе ништо подобро за граѓаните – наместо проекти и инвестиции, ќе има криминал и корупција

February 13, 2023
1 min read

„Пазар 3“ коалицијата уште не започната да функционира, полна со скандали и криминали. Наместо проекти, инвестиции и капитални проекти, ќе има зголемен криминал и корупција, тендери во 4 очи и неспособност. Од вмешани во убиства, преку местачи на тендери, до корумпирани предлози за министри и заменици министри во новата влада, која ако по утрото се познава денот, ќе биде покриминална и покорумпирана, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Ковачевски е должен да одговори дали новиот министер за правда, Кренар Лог е брат на Крешник Лога кој има кривична пријава за убиството на Дилавер Бојку за убиство и убиство во обид.

Втор човек на министерството за правда е предлогот Викторија Аврамовска Мадиќ за која има поднесено кривична пријава за злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата. Мадиќ како генерален секретар на Град Скопје е вмешана и во скандал од 4 милиони евра со фирмата „Армор Плус“ во сопственост на зетот од сестра.

Заради ваквите кадри во министерството за правда, довербата кон судството и министерството за правда е само 6%.

Предлогот за министер за здравство Фатмир Меџити е поврзан со скандали со шверц на лекови, а како претседател на УО на ФЗОМ замешан во многу скандали. Јавноста треба да знае дали кумашинските врски со Арбен Таравари имаа предност за негов избор во ова министерство“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата посочуваат дека Тирон Јајага кој е предлог за заменик министер за одбрана бил вратен во Македонија од мисијата во Брисел заради учество на протест за Илирида, додека истиот бил член на НАТО, а истиот за овој случај во 2017 бил помилуван и сега награден како предлог за заменик министер во одбрана.

-„Најуспешниот“ заменик министер Агим Нухиу откако целосно ги приватизираше и нанижа целосни неуспеси во МВР и министерството за правда, сега на ред дојде и заменик министерското столче во министерството за образование. Каде што патем ќе биде во целосно владение на ДУИ. Оваа „Пазар 3“ крпена коалиција за 10 месеци нема да донесе ништо подобро во Македонија. Наместо справување со економската и енергетската криза, граѓаните овие неколку месеци ќе бидат посиромашни и со уште повеќе проблеми. Потребна е нова влада, влада која знае како да се справи со проблемите на државата и граѓаните. Наместо крпени коалиции, потребни се предвремени избори на кои граѓаните ќе ги испратат во историјата криминалците од СДС и ДУИ, се наведува во партиското соопштение.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

САД им порачаа на своите граѓани да ја напуштат Русија поради можна одмазда

Следно

Низа приведувања во Туркије по двата разорни земјотреси

Latest from Blog

Полјаци копале во дворот и пронашле фетуси

Земјиштето претходно му припаѓало на 57-годишна специјалистка по патологија кој оттогаш е приведена, пишува „Euronews“. Откритие за време на земјени работи Окружното обвинителство во Жешов потврди дека било известено за откритието на

Со водата за пиење да не се полеваат бавчи и да не се мијат дворови или автомобили

Јавното претпријатие „Водовод“ – Куманово упати апел до граѓаните за рационална потрошувачка на вода од водоснабдителниот систем на градот. – Во услови на зголемена температура во летниот период, потрошувачката на вода значително

Советот на Битола ги ослободи угостителите во Старата чаршија од комунална такса

Советот на Општина Битола едногласно ја изгласа иницијативата за ослободување од комунална такса на угостителските објекти кои работат во Старата битолска чаршија. Претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојкоски, информираше дека

Египет мораше да ги смени дресовите: ФИФА наложи да се отстранат неколку детали!

Фудбалската репрезентација на Египет беше принудена да направи значајни промени на своите дресови за Светското првенство, откако ФИФА пресуди дека не им е дозволено да ги носат седумте ѕвезди, кои ги симболизираат
Go toTop