Туркије: Под урнатините спасена 60-годишна жена, 166 часа по земјотресот

February 13, 2023
1 min read

МАНИСА (АА) – Еренѓул Ондер (60) е извлечена од под урнатините во Адијаман, 166 часа по земјотресот што пред седум дена ги погоди јужните делови на Туркије и Сирија, јавува Анадолу.

Градоначалникот на Маниса, Џенгиз Ерѓун, на социјалните мрежи напиша дека противпожарните екипи од тој град спасиле 60-годишна жена на подрачјето на Бесни во Адијаман.

„Добивме радосни вести од Бесни. Со исклучителен труд на нашите противпожарни бригади ја спасивме нашата Еренѓул Ондер. Им честитам на сите екипи кои работат со нашиот противпожарен персонал“, напиша Ерѓун.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтер ги погодија јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш на 6 февруари, а бројни спасувачки екипи сè уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ГОДИНАВА ЌЕ СЕ СЛАВАТ 120 ГОДИНИ ОД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ И „ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ“, ЈУБИЛЕИ ЗА КОЧО РАЦИН, НИКОЛА МАРТИНОСКИ

Следно

Бутел добива нова градинка: Костовски беше на увид на градежните активности

Latest from Blog

Евакуацијата на македонските државјани од земјите од Блискиот Исток ќе започне во недела

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија попладнево склучи договор со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, по спроведена соодветна постапка. Согласно утврдениот план и предвидената динамика, се очекува до средината на

Грците распоредија ракетни системи и авиони Ф-16 за да ја заштити Бугарија од можни ирански напади

Грчкиот министер за одбрана во петокот изјави дека ракетна батерија „Патриот“ и два борбени авиони „Ф-16“ ќе бидат распоредени на север од земјата за да помогнат во заштитата на Бугарија од можни

Валверде е спасителот на Реал против Селта

Екипата на Реал Мадрид вечерва со многу потешкотии успеа да дојде до трите бода и победата на гостувањето кај Селта откако постигна гол во последните секунди од мечот за конечни 1:2. Херој
Go toTop