Нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети на АД ЕСМ

September 19, 2024
1 min read

правниот одбор на АД ЕСМ денеска именуваше нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети во рамките на компанијата. За директор на подружница РЕК Битола е назначен Тони Петрушевски, дипломиран машински инженер, со претходно работно искуство во приватниот сектор. Досегашниот в.д. директор Иле Костадиновски е назначен за помошник директор за правни, кадровски и општи работи во РЕК Битола. АД ЕСМ се заблагодарува за неговиот ангажман и посветеност во изминатиот период.

Како што информира АД Електрани на Северна Македонија, за директор на РЕК „Осломеј“, е назначен Сашо Вренцоски, дипломиран економист и истакнат стручен кадар со долгогодишно работно искуство во комбинатот. На директорска позиција во Осломеј е именуван и Агим Садику, дипломиран економист со работно искуство во Управата за јавни приходи.

За в.д. директор на подружницата ТЕЦ Неготино, е назначен Александар Галапчев, дипломиран инженер со работно искуство во термоелектраната. Бобан Максимовски, со завршени академски студии од областа на менаџмент ќе биде управител на друштвото за производство на топлинска енергија ЕСМ производство на топлина.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Разгорување на огнот

Следно

АХВ: Ако сте купиле „Атлантик Штарк“ бисквити вратете ги, можно е присуство на туѓо тело

Latest from Blog

Возачите на „Шкода“ најмногу пцујат, меѓу британските возачи

Британскиот интернет-портал „Казино-онлајн“ испита 2.000 возачи од Велика Британија, за „богатиот речник и елоквентноста зад воланот“. Прашањето гласело: Дали, како возач, пцуете и колку често го правите тоа додека возите? – Порано

МОН: Научната соработка меѓу Македонија и Турција

Македонија и Туција ќе потпишат протокол за сорабока во областа на науката, технологијата и иновациите. Дефинирањето на содржината на документот е во финална фаза и за истиот се дискутираше на денешната средба

Руска служба за разузнавање: ЕУ подготвува „српски Мајдан“

Европската унија подготвува „Мајдан“ во Србија, моменталните немири во земјата со активно учество на млади луѓе кои се во голема мера „производ на субверзивни активности“ на Брисел, според соопштението на СВР на

Гвардиола: Во последните денови многу зборувавме за тоа какви треба да бидеме

фото: Manchester City (X) Пеп Гвардиола зборуваше по класичната победа на Манчестер Сити од 3-0 во дербито над Манчестер Јунајтед. Победата ја прекина серијата од два порази на „Граѓаните“ во Премиер-лигата, а
Go toTop