Разгорување на огнот

September 19, 2024
1 min read

Израелското разузнавање користело компанија за да достави комуникациски уреди наместени со експлозиви до милитантната група Хезболах, што доведе до смртоносниот напад оваа недела, објави Њујорк Тајмс.

Илјадници луѓе беа повредени, а повеќе од 30 загинаа, меѓу кои четири деца, во вторникот и средата, откако пејџери, воки токи и други рачни уреди што ги користеа оперативците на Хезболах истовремено експлодираа во напад без преседан во Либан. Израел ниту ја потврди, ниту ја отфрли одговорноста за операцијата. Според Њујорк Тајмс, испораките започнале во летото 2022 година во мал број и брзо ескалирале по февруари, кога лидерот на Хезболах, Хасан Насралах, ја натерал организацијата да се откаже од мобилните телефони. Тој одговараше на серијата насочени убиства на водачите на неговото движење, велејќи им на поддржувачите дека посовремените комуникациски уреди се ранливи на израелските сајбер операции.

За Хезболах, пејџерите биле одбранбена мерка, но во Израел, разузнавачите ги нарекуваа пејџерите како „копчиња“ што може да се притиснат кога ќе дојде време“, пишува весникот. Поранешна шефица на истражување и анализа на израелската разузнавачка агенција Мосад Сима Шајн вели дека нападот врз оперативците на Хезболах со помош на пејџери успеа совршено.

Изјава  Сима Шајн, поранешен шеф на истражување и анализа на израелската разузнавачка агенција Мосад – Разузнавањето, технологијата и оперативните способности, комбинацијата на тие три фактори ја направи оваа операција успешна. Мислам дека кога ќе го видите големиот број повредени, ќе сфатите дека операцијата била многу прецизна и дека целта била само оперативци на Хезболах, а не цивили. Жал ми е за она што се случи во двата случаја на смрт на деца, но тоа не беше целта.

Генералниот директор на либанската цивилна авијација Фади ел-Хасан издаде директива со која им се забранува на патниците да носат пејџери и воки-токи во кој било авион. Турција пак го обвини Израел дека сака да ја прошири војната од Појасот Газа до Либан. Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека „ескалацијата во регионот е алармантна“.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Годишниот извештај на Советот на јавни обвинители пред пратениците

Следно

Нови директори во дел од термоенергетските производствени капацитети на АД ЕСМ

Latest from Blog

Божиновска се заблагодари за брзата реакција на концесионерите при пожарот во Трубарево

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини веднаш се вклучи во справувањето со пожарот во Трубарево, соопшти министерката Сања Божиновска. Единствениот ефикасен начин за локализација на огнот беше негово затрупување со големи

„Ако умрам на непознато место“: Морган Фриман има морничава причина поради која носи златни обетки

Фримен (86) отсекогаш го привлекувале морето и едрењето. Така, кога дознал дека морепловците и пиратите некогаш носеле златни обетки за да имаат доволно пари за својот погреб ако починат во странство, Фримен

Барса со непријатност – по мечот против Валенсија немаше тушеви за играчите

Фото: Барселона Х Промената на стадионот за натпреварот на Барселона против Валенсија (6:0) донесе уште една непријатност. Шампионите на Ла Лига играа пред само 6.000 гледачи на „Јохан Кројф“ во својот тренинг-центар,

Меџити: Чаир ќе стане инклузивна општина за сите граѓани

Првиот-вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најави изградба на современа и инклузивна инфраструктура во општина Чаир, со цел создавање на средина достапна за сите граѓани, вклучително и
Go toTop