Адеми и Ристовски ќе добијат нов тренер: Динамо му врачи отказ на Јакировиќ

September 19, 2024
1 min read

Динамо Загреб е во потрага по нов тренер. Сергеј Јакировиќ доби отказ од клупата на хрватскиот фудбалски великан. По точно 60 натпревари, 47-годишниот тренер нема повеќе да работи во клубот од „Максимир“. Ремито со Риека и поразот од Хајдук во домашниот шампионат, како и историскиот пораз од Баерн во Лигата на шампионите беа премногу за управата на клубот да не донесе ваква одлука.

Јакировиќ на клупата на „сините“ забележа вкупно 41 победа, со девет нерешени и десет порази. Динамо успешно го водеше до двојната круна, но во последната сезона често пати беше критикуван за недоволно офанзивниот стил на игра и споменатите лоши резултати во домашниот шампионат.

Со оглед на тоа дека Динамо го очекува жесток ритам на првенствени и натпревари од Лигата на шампионите во наредните недели и месеци, управата мора брзо да најде нов тренер.

Досега како потенцијални замени се споменуваа поранешниот тренер на Динамо, Ненад Бјелица и до неодамна предводникот на Ријека, Жељко Шопиќ, кои во моментов се без ангажман. Се појави и името на поранешниот селектор на Хрватска Нико Ковач, но тешко веројатно дека некогашниот тренер на Баерн Минхен ќе пристигне во Загреб.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

МИТ во Гара го неутрализира терористот Јигит, еден од т.н. одговорни лица во терористичката организација ПКК/КЏК

Следно

Таравари: Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана

Latest from Blog

Џон Малкович за аферата со убавата Мишел Фајфер: Кога ќе ја преминете границата, нема враќање

 Двајцата биле во брак во тоа време, а нивната романса од снимањето се прелеала и во реалниот живот. Во историската романса од 1988 година, режирана од Стивен Фрирс, Малкович и Фајфер ги

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие
Go toTop