МИТ во Гара го неутрализира терористот Јигит, еден од т.н. одговорни лица во терористичката организација ПКК/КЏК

September 19, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Националната разузнавачка агенција (МИТ) на Туркије во операција спроведена во Регионот Гара во Ирак го неутрализираше терористот Халил Јигит, еден од т.н. водачи на терористичката организација ПКК/КЏК, известува Анадолу.

Според информациите добиени од безбедносни извори, МИТ, како резултат на разузнавачките студии, утврдила дека терористот Јигит, со кодно име Хогир Пироси, еден од т.н. одговорни во терористичката организација ПКК/КЏК за Регионот Гара, по инструкции на високи раководители на организацијата спроведувал акции против турските безбедносни сили во Гара.

По утврдувањето на локацијата терористот Јигит е неутрализиран во операција организирана од МИТ.

Јигит, кој ги започна своите организациски активности во селата на Ширнак во 2007 година, учествувал во терористичките акции со оружје и рачно изработени експлозиви во подрачјето Силопи, во Областа Ширнак.

Јигит, кој организирал акции против турските безбедносни сили во инцидентот Ровови – барикади, во 2018 година дејствувал во рамките на терористичката организација ЈПГ во Сирија. Последни акции на терористот Јигит беа организациски активности во Областа Гара во Ирак.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

78-годишен пациент почина од западно-нилска треска на Инфективна

Следно

Адеми и Ристовски ќе добијат нов тренер: Динамо му врачи отказ на Јакировиќ

Latest from Blog

Зи-Зу веќе има договор и наскоро седнува на селекторската клупа на Франција

Француската фудбалска федерација постигна принципиелен договор со Зинедин Зидан за негово назначување за главен селектор на националниот тим, објави „Ел Национал“. Како што беше претходно објавено, 53-годишниот специјалист ќе го замени Дидие

Претседателот на Непал го распушти парламентот и распиша избори

Непалскиот претседател Рамчандра Паудел го распушти парламентот и свика нови избори за 5 март по една недела смртоносно насилство што кулминираше со назначување на првата жена премиер во земјата. Соопштението од канцеларијата

Сите надлежни институции да постапат итно и безмилосно: Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори – се користат сите расположливи сили

❗️Почитувани сограѓани, скопјани, во овој момент сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! 🫡 Од самиот почеток,

Ѓорѓиевски со екипите на лице место: Сите сили во борба со разгорениот пожар

Скопје се соочува со сериозен пожар кој моментално ја загрозува животната средина и здравјето на граѓаните. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, заедно со своите колеги Бобан и Дејан, е на терен од самиот почеток
Go toTop