78-годишен пациент почина од западно-нилска треска на Инфективна

September 19, 2024
1 min read

Пациент на 78 годишна возраст од кочанско Облешево, заболел од западно-нилска треска, па починал само една недела откако бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби (КИБФС).

Од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) велат дека ова е прв смртен случај во земјава од оваа болест, а четврти евидентиран случај на заболен.

Според нив, симптомите кај пациентот започнале на 9-ти септември, а се манифестирале со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C.

Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10 септември со возило од Итна медицинска помош е испратен во болницата во Штип, каде што биле спроведени дијагностички невролошки процедури. Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Земени се примероци за микробиолошки анализи. Потврдено е заболувањето Западно-нилска треска. Поради влошената состојба на пациентот и покрај поставување на кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот егзитирал на 16.09.2024 за време на хоспитализација, информира ИЈЗ.

ИЈЗ информира дека податоците при епидемиолошкото истражување од епидемиолог од ЦЈЗ Кочани се добиени од децата на пациентот и од медицинската документација од КБ Штип и инфектолози.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ArtArea/Артерија#8, три дена културен кислород

Следно

МИТ во Гара го неутрализира терористот Јигит, еден од т.н. одговорни лица во терористичката организација ПКК/КЏК

Latest from Blog

Видео: „Чудни“ женски панталони

На социјалните мрежи се појави видео кое предизвика лавина од реакции – и тоа е поради деталите на детските женски панталони од малопродажниот синџир Target USA. Наместо да привлечат внимание поради нивниот

Градоначалникот Коњановски во директен дијалог со жителите на урбаните заедници

Денес градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, оствари средби со граѓаните од урбаните заедници Димитар Влахов, Ѓорги Наумов и Кочо Десано. Преку кампањата „Предложи идеја“, граѓаните имаат можност директно да ги изнесат своите

Да се почитуваат препораките на ИЈЗ кога постои евентуален ризик од загадување на воздухот и од штетни материи

Да се внимава на симптоми како кашлица, отежнато дишење, главоболка или иритација на очите, носот и грлото и секој што ги забележува овие симптоми веднаш да побара медицинска помош. Лицата со респираторни
Go toTop