До крајот на месецов јавноста може да се вклучи во изработка на пет закони од образованието

September 19, 2024
1 min read

До крајот на септември јавноста може да учествува со сугестии во однос на пет предлог-закони од областа на образованието кои се ставени на владиниот систем ЕНЕР (Електронски национален регистар на прописи).

Министерството за образование и наука повикува јавноста да се вклучи за да се креирааат најквалитетни решенија со кои, како што наведува „ќе се унапредат образовните услуги и ќе се обезбедат повеќе права и можности за чинителите на воспитно-образовниот процес“.

Станува збор за целосно нови предлог-закони за средното образование, за стручно образование и обука и за образование на возрасните, како и закони за изменување и дополнување на Законот за основното образование и Законот за Националната рамка за квалификации.

Предлог-решенијата се изготвени од работни групи формирани со одлука на министерката за образование и наука Весна Јаневска, во кои членуваат претставници на МОН и повеќе други надлежни институции, експерти и стручни лица од наставничката и академската фела.

-Имајќи предвид дека најдобрите и најефективни законски решенија се носат исклучиво преку инклузивен пристап со учество на сите засегнати чинители, МОН ги охрабрува граѓаните да дадат придонес во подобрувањето на законската регулатива во областа на образованието и со тоа активно да учествуваат во градењето поквалитетен образовен систем, наведува МОН во повикот објавен на неговата веб-страница.

Сугестии и предлози за надополнување односно измена на законските решенија  може да се доставуваат до крајот на месецов на електронската адреса [email protected]

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Серија земјотреси изминатата ноќ во соседна Грција

Следно

Будимпешта ќе изгуби дел од ЕУ фондовите оти не ја плати казната од Европскиот суд на правдата

Latest from Blog

Јапонија одобри дополнителни санкции против Русија

Јапонската влада денес одобри дополнителни санкции против Русија, замрзнувајќи ги средствата на 51 група и 14 поединци поради војната во Украина. Како што изјави Министерството за надворешни работи на Јапонија, ова се

Туфахија

Состојки: 8 јаболка со средна големина (околу 1,5 кг) 200 грама шеќер 100 грама ореви 1 лажичка цимет 1/2 лажичка ѓумбир во прав 1 белка 1 лимон 1 шлаг 1 литар вода

Алиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем

Министерот за здравство, Азир Алиу, се обрати на свеченото отворање на 21-от Конгрес на лекари на Македонија, кој традиционално го организира Македонското лекарско друштво и важи за најголем медицински собир во земјава

Ѓорѓиевски: Имињата на македонските партизани се запишани со златни букви

Градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска присуствуваше на одбележувањето на патронатот на општинската организација на Сојузот на борци на Македонија и на општинската организација на
Go toTop