ОН бараат Израел да го прекине „незаконското“ присуство на Западниот Брег и Источен Ерусалим во рок од 12 месеци

September 19, 2024
1 min read

Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција со која се бара Израел „без одложување да го прекине своето незаконско присуство“ на, како што ја нарекува, „окупирана палестинска територија“ во рок од 12 месеци, вклучувајќи ги сите војници и цивили.

Резолуцијата бара Израел да се придржува до пресудата на Меѓународниот суд на правдата во јули за присуството на Израел на Западниот Брег и Источен Ерусалим и повикува на ембарго за оружје за Израел, јави „Тајмс оф Израел“.

Мерката беше спонзорирана од државата Палестина и 29 други земји, главно муслимански нации. ОАЕ е единствената арапска земја што одби да биде меѓу спонзорите.

Околу 124 земји ја поддржуваат мерката, 14 се против, а 43 се воздржани. Израел, САД, Чешка и Аргентина се најголемите земји кои беа против, заедно со островските нации во Тихиот Океан. Против мерката се и Парагвај и Малави.

Многу европски нации беа воздржани – вклучувајќи ги Украина, Велика Британија, Германија и Италија, како и Канада и Австралија.

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека одлуката „го охрабрува тероризмот и им штети на шансите за мир“.

Израел обвинува дека одлуката го игнорира 7 октомври и го зајакнува Хамас, испраќајќи порака дека „тероризмот се исплати“. Тоа го прави помалку веројатен договорот за заложници, нагласи израелското МНР.

– Израел соодветно ќе одговори, истакна Министерството но не се наведува точно како ќе возврати на палестинската управа.

Резолуцијата на Генералното собрание, како и пресудата на МСП која е советодавно мислење, не е обврзувачка, но има политичка тежина.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Ердоган: Туркије е на второто место во светот по бројот на изведувачи, по Кина

Следно

Предлогот за ограничување на маржите идната недела на владина седница

Latest from Blog

Охридско езеро во фокусот на меѓународната соработка: средба Меџити – Агелер

Првите вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска оствари средба со амбасадорката на САД, Ангела Агелер, на која дискутираа за унапредување на соработката во заштитата и одржливиот развој на Охридското

Личната претставничка на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање во посета на Кипар

 Личната претставничка на генералниот секретар на Обединетите нации за кипарското прашање Марија Анхела Олгин се очекува денеска да пристигне на Кипар, каде што утре ќе се сретне со кипарскиот претседател Никос Христодулидис,

ВЛЕН обвинува за системска корупција во МНР за време на мандатот на Османи

На прес-конференција, Арбер Кадриу од ВЛЕН-Чаир го обвини Министерството за надворешни работи за сомнителни, незаконски и исклучително скапи набавки за време на мандатот на поранешниот министер Бујар Османи. Документите што ги обезбеди
Go toTop