Израел ја преместува 98. елитна бригада од Газа на либанскиот фронт

September 18, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Израелската војска денес одлучи да ја премести 98. елитна бригада од Појасот Газа на северната граница со Либан, јавува Анадолу.

Овој потег се презема во период на зголемена тревога во Израел во очекување на потенцијален напад од Хезболах по масовните експлозии на пејџери во Либан.

„Со максимална подготвеност на северниот фронт, израелската армија одлучи таму да ја премести 98. елитна бригада“, јави израелското армиско радио. „Бригадата првично требаше да продолжи со борбите во Газа, но последниве денови одлучено е да се премести на север.“

Израелската државна телевизија Кан истакна дека бригадата го напуштила Кан Јунис во јужниот дел на Газа пред три недели и заминала на неодредена локација во енклавата. Се истакнува дека бригадата се состои од три дивизии на оклопни сили, падобранци и командоси.

Според либанското Министерство за здравство, денес во нов бран експлозии на безжични уреди за комуникација во Либан загинаа најмалку девет лица, а над 300 се повредени. Во изминатите два дена во слични експлозии загинаа 21 лице, а повеќе од 3.000 беа повредени.

Хади Хачем, либанскиот амбасадор во Обединетите нации, експлозиите на пејџери ги нарече „агресија што се претвора во воено злосторство“, предупредувајќи дека тие ќе го влошат конфликтот.

Од Израел нема коментар за експлозиите, а Хезболах вети дека ќе возврати.

Експлозиите на пејџерите се случија во време на зголемени погранични ескалации меѓу Израел и Хезболах, кои разменуваат прекуграничен оган од почетокот на смртоносната војна на Тел Авив во Појасот Газа, во која од 7 октомври минатата година загинаа речиси 41.300 луѓе, главно жени и деца.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Дознајте какво време не очекува утре и во следните денови!

Следно

Иван Перишиќ потпиша за ПСВ

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop