Најмалку осум лица загинаа во уривање на зграда во Индија

September 8, 2024
1 min read

ЊУ ДЕЛХИ (АА) – Најмалку осум лица загинаа, а 28 се повредени при уривање на зграда во северната индиска држава Утар Прадеш, соопштија официјални лица денес, известува Анадолу.

Трикатна зграда се урна во Лакнау доцна синоќа, а властите започнаа спасувачка операција.

Р.Н. Синг, претставник на полицијата, го потврди бројот на жртвите и рече дека повредените се пренесени во болница на лекарски третман.

Официјални лица изјавија дека во тек е спасувачка операција.

Зградата е изградена пред неколку години, а во тек биле некои градежни изведби кога се случила несреќата, соопшти полицијата. Повеќето од жртвите работеле во приземјето на објектот, објави „Press Trust of India“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Почина Милорад Гавровски од групата Трио Гавровски

Следно

Рекорден број продадени влезници за Олимписките и параолимписките игри 2024

Latest from Blog

Супермесечината в среда ќе биде најблиската и најсветлата во 2025 година

Љубителите на небесни феномени ги очекува уживање оваа недела. В среда ќе видиме супермесечина, позната и како „Месечината на дабарот“, која ќе биде најблиската и најсветлата полна месечина во 2025 година. Месечината

Карл Билд: Сè укажува дека Доналд Трамп ќе ја нападне Венецуела

Поранешниот шведски министер за надворешни работи, Карл Билд, денес изјави дека очекува напади од САД врз Венецуела. „Сè укажува дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе изврши напади во Венецуела. Тој ја овласти
Go toTop