ЗЛАТЕН ЛАВ ВО ВЕНЕЦИЈА ЗА „СОСЕДНАТА СОБА“ НА ПЕДРО АЛМОДОВАР

September 7, 2024
1 min read

„Соседната соба“ на Педро Алмодовар, неговиот прв филм на англиски јазик, ја освои престижната награда Златен лав на 81. Венециски филмски фестивал што заврши вечерва. Филмот на премиерата доби неверојатни 17-минутни овации. Алмодовар примајќи ја наградата рече: „Би сакал да му го посветам на моето семејство, кое е тука сега… Овој филм ‘Соседната соба’, е мојот прв филм на англиски јазик… но духот е шпански“.

Филмот е адаптација на романот „Низ што поминуваш“ на Сигрид Нуњез, приказна за бестселер писателките Ингрид (Џулијан Мур) и Марта (Тилда Свинтон) кои го обновуваат своето пријателство откако изгубиле контакт. Додека се нурнати во минатите спомени, анегдоти, уметност и филмови, Марта, која се бори со рак на грлото на матката во терминална фаза, сака да умре достоинствено и ја замолува Ингрид да биде во соседната соба кога ќе земе апчиња за евтаназија.

Сребрениот лав за најдобра режија го осовои Брејди Корбет за неговиот трииполчасовен спектакл „Бруталист“ со Адријан Броди и Фелисити Џонс во главните улоги. Филмот, биографски филм за измислен унгарски архитект и преживеан од холокаустот, Ласло Тот, кој емигрира во САД, беше миленик на критичарите во Венеција оваа година, а ја освои и наградата на критиката ФИПРЕСЦИ.
Гран при на жирито односно Сребрениот лав го осови „Вермиљо“ од Маура Делперо. Специјалната награда на жирито ја доби „Април“ на Деа Кулумбегашвили.

Никол Кидман ја освои наградата за најдобра актерка за нејзината улога во еротскиот трилер „Бејбигрл“ со Антонио Бандерас и Харис Дикинсон. Но, Кидман не можеше самата да ја земе наградата бидејќи нејзината мајка, Џенел Ен Кидман, почина, откри таа. Режисерката Халина Рејн ја прочита пораката од Кидман: „Во шок сум и морам да одам кај моето семејство, но оваа награда е за неа… Јас сум неизмерно благодарна што можам да го кажам нејзиното име на сите вас. Судирот на животот и уметноста е потресен и моето срце е скршено“.

Венсан Линдон ја доби наградата за најдобар актер за улогата во „Тивкиот син“ за татко и син разделени од нивните политички идеологии.

Во селекцијата Хоризонти најдобар филм е „Годината што никогаш не дојде“ на Богдан Мурсеану, кој ја освои и наградата на критиката ФИПРЕСЦИ. „Познат допир“ на Сара Фридланд ги освои наградите за најдобра режија и најдобар дебитантски филм. Примајќи ги наградите таа рече: „Ја прифаќам оваа награда на 76-годишнината од израелскиот геноцид во Газа… Се солидаризирам со народот на Палестина и неговата борба за ослободување“.

Во Хоризонти за најдобар актер е награден Франческо Геги за „Фамилија“, филм што ја истражува цикличната природа на насилството, во режија на Франческо Костабиле, а Кетлин Чалфант ја освои наградата за најдобра актерка за „Познат допир“.

ИЗВОР: sdk.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

24 интервју со Блажо Вујовиќ од синдикатот на МАНУ: Штрајк додека нема повисоки плати!

Следно

Ериксон: Игравме против силен и технички поткован тим

Latest from Blog

Натпреварот помеѓу Јувентус и Реал вечерва може да биде прекинат!

Осминафиналниот дуел од Светското клупско првенство меѓу европските гиганти Реал Мадрид и Јувентус, закажан за вечерва во Мајами (21:00 по средноевропско време), би можел да биде одложен или прекинат поради најавеното невреме.

Во Белгија издадено портокалово предупредување поради опасен екстремен топлотен бран

СКОПЈЕ (AA) – Кралскиот метеоролошки институт на Белгија издаде портокалово предупредување поради очекуваните опасно високи температури што надминуваат 35°C низ целата земја од 1 до 3 јули, јавува Анадолу. Според Институтот, Белгија

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило дело – Напад врз здравствен работник и здравствен соработник при вршење здравствена дејност предвидено во член

Јуни под двоен фокус: од матни скандали до бистри пресврти во антикорупциската битка

Во своето месечно огледало за јуни, „Транспаренси интернешнл-Македонија“ го опишува државниот апарат како ветровит ден на езеро: на едната страна водата се заматува од скандали и стари навики, на другата се чисти
Go toTop