Синтезис најавува спектакуларен концерт по повод 30 годишниот јубилеј

September 3, 2024
1 min read

Групата Синтезис, еден од најзначајните амбасадори на македонската музика, ќе го одбележи својот 30-годишен јубилеј со спектакуларен концерт во Македонската Филхармонија на 25 септември 2024 година.

Формирана во 1995 година, Синтезис ја започна својата кариера со уникатна визија – да ја оживее и презентира македонската традиционална музика на современ начин. Со комбинирање на старите фолклорни звуци со модерни аранжмани, групата брзо се истакна на македонската музичка сцена и понатаму на меѓународната. Нивниот прв албум, „ДД Синтезис“, беше објавен во 1996 година и веднаш предизвика позитивни реакции кај публиката и критиката. Групата ја продолжи својата успешна приказна со албумите „Swinging Macedonia“(2000) и други значајни изданија кои го истакнаа нивниот автентичен звук.

Со повеќе од 500 концерти одржани на сите континенти, Синтезис се докажа како најзначајниот извозен музички продукт од Македонија. Тие настапувале во некои од најпрестижните концертни сали и фестивали ширум светот, каде што ја презентирале македонската музичка култура и традиција. Нивната мисија е да ја зачуваат македонската традиционална музика, но и да ја облагородат со нови музички форми и елементи кои ја прават релевантна за денешната публика.

Цели три децении, Синтезис со посветеност и страст ја чува и развива македонската музичка традиција. Овој јубилеен концерт ќе биде кулминација на нивното триесетгодишно патешествие и ќе претставува незаборавен настан за македонската публика. На јубилејниот концерт, заедно со своите гости, Синтезис ќе изведе дел од своите најпознати композиции кои го обележуваан нивниот пат низ годините.

Билетите за концертот се веќе во продажба и може да се купат онлајн на платформата mktickets и на нивните продажни места, по цена од 1.000 денари.

Генерален спонзор на јубилејниот концерт на Синтезис е Комерцијална Банка АД Скопје. Концертот е поддржан од Еко Циркон, Дачиа, Монтенегро, Далвина и Министерство за култура.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ВО ШВЕДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО СТОКХОЛМ ЌЕ СВИРИМЕ ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ, ВЕЛАТ ОД ГИТАРСКОТО ДУО „ДЕНИЦИЈА“

Следно

Почна исплатата на надоместоците на членовите на ИО за Претседателските и Парламентарните избори 2024 година

Latest from Blog

Дување роденденски свеќички се претвори во целосен хаос- гостите врескаат од страв (ВИДЕО)

Аскин Аџар, кој полнел 16 години, сакал да го прослави својот ден со своето семејство и пријатели. Сепак, наместо незаборавна прослава, тој доживеа шок. Снимката што подоцна се појави на мрежите ги

ВИДЕО: Палестинците масовно се евакуираат од Газа по големата офанзива на израелската војска

Илјадници семејства се обидуваат да избегаат од Газа додека израелската војска спроведува копнена операција како дел од нејзината голема офанзива насочена кон освојување на градот. Лина ал-Магреби, 32-годишна мајка на три деца

Боев и Зекири предложени за редовни членови на МАНУ, за дописни Миневски, Велев, Даутовски…

Изет Зеќири, економист и доскорешен ректор на Универзитетот „Мајка Тереза“ и Блажо Боев, геолог и поранешен ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, се предлозите за нови редовни членови на Македонската академија
Go toTop