ВО ШВЕДСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ВО СТОКХОЛМ ЌЕ СВИРИМЕ ДЕЛА ОД МАКЕДОНСКИ КОМПОЗИТОРИ, ВЕЛАТ ОД ГИТАРСКОТО ДУО „ДЕНИЦИЈА“

September 3, 2024
1 min read

Македонското гитарско дуо ќе настапи во шведскиот Парламент на 17 септември во рамки на прославата на 8 Септември, Денот на независноста на Македонија. Анастасија Милеска и Александар Андријевски ќе свират дела од македонски композитори. „Дениција“ настапува по покана на македонскиот амбасадор во Стокхолм, на настан организиран од парламентарната група за шведско-македонско пријателство во која членуваат пратеници од сите партии застапени во шведскиот Парламент.

„Голема благодарност до амбасадорот Џенк Сејфула за поканата да отсвириме целовечерен концерт во Шведскиот парламент. На програмата ќе се најдат дела од композиторите Панде Шахов, Дарија Андовска, Ангел Спироски, Ана Пандевска, Филип Иванов и Вања Николовски-Ѓумар. Композициите се дел од нашиот проект за збогатување на македонското творештво за класична гитара и се искомпонирани за нашето дуо“, велат од дуото „Дениција“.

Анастасија Милеска и Александар Андријевски се познаваат од средношколските денови. И двајцата биле во гитарската класа на професорот Дарко Багески, во средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј“. Како дуо „Дениција“ започнале активно да одржуваат концерти од 2018. Милеска започнала да ја изучува класичната гитара  во класата на професорот Александар Крстаноски, а Андријевски кај Љубиша Кушевски. Двајцата се победници на повеќе интернационални натпревари за гитара.

„Александар е во Германија од 2015, а јас му се придружив една година подоцна. Тука ги завршивме нашите додипломски и постдипломски студии на Факултетот за музика и танц во Келн, во класата на професорот Герхард Рајхенбах. Моментално и двајцата предаваме гитара во државни музички училишта во Хам и Радеформвалд“, вели Анастасија Милеска.

Освен што често одржуваат концерти, Милеска и Андријевски велат дека со големо задоволство предаваат класична гитара на ученици од најразлична возраст и одржуваат мастер-часови на гитарски фестивали.

„Од оваа година сме организатори на Летната гитарска школа Охрид, која се одржа овој јули во Охрид, и со нетрпение го очекуваме следното издание напролет во 2025“, ни рече Милеска.

М. ЏАРОВСКА

ИЗВОР: sdk.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ирска трета година по ред се соочува со истиот проблем – како мудро да се искористи вишокoт пари во државниот буџет

Следно

Синтезис најавува спектакуларен концерт по повод 30 годишниот јубилеј

Latest from Blog

Првите зборови на Флик по пристигнувањето на ѕвездата во Барса

ФОТО:.facebook.com/fcbarcelona/ Ханси Флик зборуваше за доаѓањето на Родри, добитникот на Златната топка за 2024 година, во Барселона. „Блауграните“ го објавија трансферот на играчот од Манчестер Сити во вторник, 18 август, со договор

Битола презема вонредни мерки против комарците поради ризик од заразни болести

Општина Битола во соработка со Центарот за јавно здравје, денес започна со спроведување на дополнителната дезинсекција, како што беше најавено пред една недела (https://www.bitola.gov.mk/ќе-се-спроведува-дополнителна-дезинс/). Потребата за дополнителна, вонредна ларвицидна и адултицидна дезинсекција,

Светот се подготвува за недостиг на бакар, Македонија останува со еден рудник и неискористен потенцијал

Бакарот повторно се приближува до рекордните цени на светските берзи, додека зголемените ценовни распони укажуваат на сè поголем притисок врз глобалната понуда. На Лондонската берза за метали цената се приближува до 14.500

Проданоски со честитка по повод Свето Преображение Господово

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска присуствуваше на светата богослужба во храмот „Свето Преображение“ во Прилеп, по повод големиот христијански празник Свето Преображение Господово. Проданоски упати честитки до верниците и истакна
Go toTop