Анкета во Грција: Нова демократија со намален рејтинг, пад на СИРИЗА на третата позиција

September 3, 2024
1 min read

Грчката владејачка партија Нова демократија со предност од 11,1 отсто пред ПАСОК и понатаму е главна политичка сила во земјата, но со намален рејтинг споредбено со резултатите од европските избори во јуни, додека пак СИРИЗА бележи пад на третата позиција, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење на агенцијата „МРБ“ спроведено за грчката телевизија „Опен“, јави дописничката на МИА од Атина.

Нова демократија добива 21,6 отсто, наспроти 28,3 проценти на европските избори пред три месеци, ПАСОК со 10,5 отсто е на втората позиција, а зад неа, со два проценти помалку е СИРИЗА.

На прашањето каква е ситуацијата во земјата, над шест од десет анкетирани (63,3 отсто) дале негативен одговор односно рекле дека е „доста/многу лоша“, додека оптимисти се само десет проценти од испитаниците.

Истражувањето на јавното мислење на агенцијата „МРБ“ за грчката телевизија „Опен“, било спроведено во периодот од 26 до 30 август 2024 година со анкетирани 1.611 граѓани со право на глас и е прва анкета во Грција по летните одмори.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вработените во МАНУ повторно го активираат штрајкот

Следно

Митева до СДС: Опседнатоста со Мицкоски се гледа преку денешната седница каде користите политичка интерпелација како основ да зборувате за премиерот

Latest from Blog

Хет-трик на Нкунку во дебаклот на Ајнтрахт Франкфурт (Видео)

Лајпциг продолжи со убедливите настапи и по репрезентативната пауза, откако на домашен терен го прегази Ајнтрахт Франкфурт со неверојатни 6-0 во натпреварот од петтото коло во Бундеслигата. Во центарот на вниманието беше

Димовска: Условната осуда со надзор не значи дека сторителот останал неказнет

Пробацијата не претставува привилегија или неказнивост, туку начин на извршување санкција под надзор, со цел осуденото лице да се ресоцијализира. Ова го порача претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, во

Американец се забарикадирал во домот и уби девет лица. Меѓу нив деца и бремена жена

Напаѓачот бил пронајден мртов по извршеното дело, пренесува „Њујорк пост“. „Една од најстрашните сцени со кои сме се соочиле“ „Сакам да бидам целосно искрен со јавноста – ова е една од најтешките
Go toTop