На овој празник време е за простување, ја повлеkувам тужбата за медиумот каде беа изнесени невистини за мене, вели д-р Жан Митрев

January 8, 2023
1 min read

Денес е ден кога Христос се роди. Денес е денот кога се родила надежта дека доброто ќе го надвладее злото. Денес е денот кога се што ни се случило лошо, сакаме да го заборавиме. Денес е денот кога на сите им посакуваме само добро и им простуваме на сите кои ни направиле лошо.

Ова го вели д-р Жан Митрев, кој реши да ја повлече тужбата кон медиумот, кој, како што вели, изнесувал невистини з анего.

-Минатата година ми беше нанесена неправда преку невистини изнесени во јавноста. Како моја реакција на овие обвинувања поднесов тужба за медиумот каде беа изнесени невистини за мене. Не ми беше целта да се расправам ниту да нанесам штета на медиумот, како што мене ми беше нанесена неправда. Целта ми беше да ја покажам вистината. Но судот на јавноста и на Бог е тој што ќе суди за сите неправди. На овој ден, голем христијански празник време е за простување. Затоа и решив да ја повлечам тужбата. Христос се роди. Честит Божиќ, вели д-р Митрев!

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Вучиќ: КФОР го одби нашето барање за враќање на српските сили во Косово

Следно

Германската полиција уапси Иранец под сомнение дека планирал напад со биолошко оружје

Latest from Blog

ИЗБОРНА КАТАСТРОФА ЗА ЦДУ И МЕРЦ – партијата падна на цензусот од 5%

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го призна тешкиот изборен пораз на ЦДУ на покраинските избори во Мекленбург-Западна Померанија, каде што партијата едвај остана над изборниот праг. По уште една тешка изборна вечер за

ВЛЕН: Улица по улица, проект по проект, Арачиново се менува

Арачиново секојдневно се менува преку реализација на конкретни инфраструктурни проекти, оценува ВЛЕН, од каде посочуваат дека инвестициите треба директно да се почувствуваат кај граѓаните и во локалните заедници. Од партијата наведуваат дека

Коњановски: Женското претприемништво е важен дел од развојот на Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на средба со Советот за женско претприемништво на Општина Битола. На средбата присуствуваа и заменик-градоначалничката Марина Крстиќ и
Go toTop