Бериша пред утрешниот протест: Сите со нетрпение го чекаат протестот, Рама веднаш да поднесе оставка

February 10, 2023
1 min read

Претседателот на Демократска партија на Албанија Сали Бериша пред најавениот утрешен масовен протест изјави дека „Албанците со нетрпение го очекуваат протестот закажан за 12 часот” и му порача на премиерот Еди Рама „навреме да си поднесе оставка”.

– Можам да ви кажам дека ова е протест, во целото мое сеќавање, кој побуди голем интерес, не само во Албанија, каде што во сите градови, села, улички, улици, кафулиња, клубови, ресторани не се зборува за ништо друго освен за овој протест, туку голем интерес има низ светот, особено во САД и европските земји, рече Бериша на средба со медиумите.

Според него, ова е протест со кој Албанците одговараат пламен за пламен, „Вотергејт“ на 21 век, еден од најголемите скандали на времето, реагираат на заминувањето на премиерот, кој за “својата фотеја не се двоумеше да корумпира, да користи платени убијци”.

Најавувајќи дека на утрешниот протест се очекува присуство на 100 илјади граѓани, Бериша ги предупреди државната полиција и агентите на ШИШ, кои утре ќе бидат на плоштадот да не го предизвикуваат протестот, зашто како што рече, секој повреден демонстрант ќе се смета за херој.

Тој наброја низа „криминали” што, според него, му се на товар на Рама, а кој на секој можен начин се обидел да ги скрие а што “е тежок криминал, поради што Рама е безнадежен човек”.

– Еди Рама има само една алтернатива а тоа е веднаш да поднесе неотповиклива оставка, порача Бериша.

Апел за масовност упати и Партијата на слободата на Илир Мета.

– 11 февруари е денот кога народот ќе го каже својот збор. Тоа е ден на единство на Албанците против злото, крадците, криминалот… депопулацијата. Дојдете сите утре во Тирана, бидејќи 11 февруари е денот на душата на граѓаните, на силата на граѓанската солидарност и ден на победата над злото персонифицирано во влада на криминал и корупција и на нејзиниот премиер, рече Теди Блуши, генерален секретар.

Протестот ќе се одржи на плоштадот “Народни херои”, пред владата, за што полицијата веќе почна да спроведува мерки за одржување на редот и безбедноста.

ИЗВОР: kurir.mk

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

Eдиција со најпознатите дела од Агата Кристи претставена на „Денови на литературата“

Следно

САД ставија на црната листа пет поранешни бугарски функционери: Меѓу нив и двајца ексминистри

Latest from Blog

Низ САД се шири лесно достапна дрога- „хероинот од бензинска пумпа“ е посилна од фентанил

Америка се соочува со нова закана – супстанцијата 7-OH, која Администрацијата за храна и лекови (FDA) веќе ја прогласи за „следен бран на епидемијата на опиоиди“. Оваа хемикалија доаѓа од растението кратом,

АС: Реал ќе ги продава Чуамени и Камавинга

фото: Um Madridista @UmMadridistaa (X) Реал е подготвен да продаде еден од своите играчи од средниот ред за да ги покрие трошоците за трансфери.  Како што објави „Ас“, мадридскиот клуб размислува за

СТИГНА ОДГОВОР: Дали Германија ќе распореди сили во Ормуз?

Денес, германскиот министер за одбрана Борис Писториус ги намали надежите за евентуално брзо распоредување на германските сили како дел од евентуална воена операција за отворање на Ормутскиот теснец, објави денес „Тагешау“. Клучна
Go toTop