Чудата продолжуваат, преживеани се извлекуваат и по 100 часа од земјотресите во Туркије

February 10, 2023
1 min read

ГАЗИАНТЕП / КАХРАМАНМАРАШ / АДИЈАМАН / ХАТАЈ (АА) – Над 100 часа откако во понеделникот два силни земјотреси ја потресоа јужна Туркије, спасувачките акции сè уште траат и сè уште се извлекуваат преживеани од под урнатините, јавува Анадолу.

Експертот, наредник Осман Фират (47), беше меѓу оние кои беа спасени од под урнатините во Кахраманмараш, 104 часа по првиот од двата големи земјотреси во земјата.

Шеесетгодишниот Ејуп Ак, исто така, е извлечен жив од урната зграда денеска во Адијаман, 104 часа по земјотресот.

Турските спасувачки тимови денеска го спасија и 66-годишниот Мурат Вурал во Газиантеп, во дистриктот Ислахије, 103 часа по првиот од двата силни земјотреси. Вурал беше извлечен од урнатините по 10 часа работа на Националниот медицински спасувачки тим (UMKE) и полицијата.

Ова се случи два часа по слична приказна за спасување во Хатај, каде што екипа на рудари од турската област Зонгулдак ја спаси мајката Ихлас Ајаз и нејзиниот син Јигит.

Националниот медицински спасувачки тим и полициските тимови во подрачјето на Елбистан во Кахраманмараш го спасија животот на Мустафа Шахин Сами 102 часа по првиот земјотрес. Тимовите работеа 12 часа за да го извлечат 33-годишниот маж од под урнатините на седумкатница.

Исто така, во Кахраманмараш, 15-годишно девојче беше спасено од азербејџанскиот спасувачки тим. Ајше Мустафа е спасена по 103 часа.

Од урнатините во Хатај беше извлечена и три и полгодишната Зејнеп Ела Парлак, исто така, 103 часа од првиот потрес.

Спасувачки тим од централната турска област Ушак ја спаси 27-годишната Бушра Аталај Аслан од под урнатините, 102 часа по првиот земјотрес што ја погоди Туркије.

Во Хатај, екипите на Општина Истанбул ја спасија осумгодишната Танем Окур по 101 час минати под урнатините, заедно со нејзиниот татко Џем.

Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени, со епицентар во турската јужна област Кахраманмараш, погодија 10 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Газиантеп, Хатај, Килис, Малатија, Османије и Шанлиурфа – каде што живеат над 13 милиони луѓе.

Неколку земји во регионот, меѓу кои најкатастрофално Сирија, ги почувствуваа силните потреси што ја погодија Туркије во период од помалку од 10 часа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Алтернатива нема да излезе сега од Влада, но нема да гласа за реконструкција?

Следно

Следната недела во Кисела Вода ќе биде претставена стратегијата за развој на културата и културното образование

Latest from Blog

Фото: Чуварката на плажа не излегува од бикини

Познатата актерка Дона Дерико која се прослави со улогата во легендарната серија „Чувари на плажа“,  каде ја играше прекрасната Дона Марко, сега покажа дека годините не ѝ можат ништо и дека за

Лацио минимално подобар од Јувентус

фото: Lega Serie A (X) Фудбалерите на Лацио ја совладаа екипата на Јувентус со минимални 1:0 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Единствениот гол на мечот го постигна Башиќ во 9-тата

Минчев: Движењето ЗНАМ го потврди својот раст и стабилност – резултатот е одличен!

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија го потврди својот континуиран раст и стабилизација на политичката сцена по првиот круг од локалните избори. Генералниот секретар на движењето, Горан Минчев, во гостување во централниот дневник

Трагедија во Аргентина: Автобус падна во река, најмалку девет загинати

Девет лица загинаа, а 29 се повредени денес во североисточна Аргентина, каде што автобус падна на неколку метри од мост, откако се судрил ао автомобил, соопштија локалните власти. Несреќата се случила околу 4:30
Go toTop