Пожарот на Галичица ќе се „пречека“ над Љубаништа, надлежните повикуваат да не се крева паника

August 15, 2024
1 min read

На тешко пристапниот терен на сртот на планината Галичица, дополнително опасен и поради неексплодирани гранати од Првата и Втората светска војна, веќе десеттина дена надлежните се обидуваат да го стават под контрола пожарот што оди во две линии – на потегот над селата Лескоец и Стење во атарот на Општина Ресен и кај месноста Војтино на охридската страна од планината.

Надлежните служби се постојано на терен. Она што е познато за денешните активности за гаснење на пожарот е дека ќе има поддршка и од воздухоплови. Планирано е над шумскиот пат над Љубаништа да се прави пречекување на оган за да не слегува надолу, информираат од РЦУК Охрид. Оттаму додаваат дека стратегијата што се применува кај ова жариште е иста како и кај другите девет активни пожари низ Македонија – да се заштитат објектите, имотот на гражаните, па потоа се останато.

Во врска со повиците за вклучување на доброволци од РЦУК повторуваат дека тоа треба да се одвива преку ТППЕ Охрид и Штабот за заштита и спасување, согласно потребите на надлежните институции.

Иако ситуацијата е сложена поради експлозивните средства на планината, се апелира да не се создава паника кај населението и да не се шират непроверени информации.

Исто така, Црвениот крст има подготвено храна и вода во случај надлежните да повикаат доброволци, а подготвено е и возило за итна помош.

Извор: 24vesti.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Нов урбанистички закон за „штанцање“ градежни дозволи

Следно

И Камала Харис може да е проблем за Украина

Latest from Blog

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна за пиење

ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје соопшти дека водата за пиење во главниот град е безбедна и ги исполнува сите законски стандарди за квалитет. Според неделниот лабораториски извештај, во периодот од 27

Начевски: Рударството денес не е исто како порано – Иловица е пример за проект со подобрени еколошки решенија

Современите технологии овозможуваат рударството да се развива со далеку повисоки еколошки стандарди отколку во минатото, смета професорот Горан Начевски. Во своето гостување на Сител ТВ, претседателот на Здружението на металурзи истакна дека

Си-Ен-Ен: ИРАН ЈА ПРОНАЈДЕ СЛАБАТА ТОЧКА НА ГЛОБАЛНАТА ЕКОНОМИЈА! Загрозени милијарди долари

Иранската стратегија да ѝ се спротивстави на воената моќ на САД и нивните сојузници преку нанесување економска штета откри чувствителна точка на глобалната економија, центрите за податоци за вештачка интелигенција, пишува CNN.
Go toTop