И Камала Харис може да е проблем за Украина

August 15, 2024
1 min read

Тензиите меѓу двајцата почнуваат уште пред војната во Украина, кога за време на Безбедносната конференција во Минхен, Харис и Зеленски имаат „тензични стратешки недоразбирања“ за тоа како Русија треба да биде спречена од вовлекување на Европа во нова Студена војна.

Тогашниот украински министер за одбрана, Олекси Резников, сведочи дека Харис го одбила барањето на Зеленски за превентивни санкции против Русија во надеж дека тие ќе ја одложат инвазијата. Наместо тоа САД од Зеленски побарале јавно да каже дека инвазијата е неизбежна. Зеленски прашал зошто, но никогаш не добил одговор на тоа.

Иако идеолошки се порамнети, во пракса постои голема разлика и меѓу Бајден и Харис околу Украина. Додека првиот е прилично енергичен околу украинското прашање, Харис во повеќе наврати не искористува неколку можности за воспоставување на квалитетни односи со Зеленски. Таа има и неколку недоветни јавни испади околу Украина, кои го потврдуваат ставот на критичарите според кои таа не може најдобро да се снајде на таа тема.

Делумно вината за ова се припишува на тоа што Харис не е најдобро подготвена општо за дипломатските обврски што доаѓаат со позицијата, кои главно се покриени со однапред подготвени белешки за секој пат кога таа патува во странство.

Предвидувањата се дека таа нема да има друга опција освен „да учи на работа“ и да работи на подобрување на односите со Зеленски.

„Ниту Зеленски ниту Харис немаа причина да развијат врска. Зеленски ја смета нејзе дека е премногу фокусирана на домашни прашања без интерес за надворешни работи, но тоа ја одразува нејзината улога во администрацијата. Неговиот став многу повеќе би бил незаинтересираност отколку презир,“ објаснува поранешниот специјален помошник на Роналд Реган, Даг Бандоу.

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пожарот на Галичица ќе се „пречека“ над Љубаништа, надлежните повикуваат да не се крева паника

Следно

Повторно отворен клучниот граничен премин меѓу Пакистан и Авганистан

Latest from Blog

Дури 31 тон злато ќе го премине океанот- богатството од 4 милијарди долари би можело да заврши во Њујорк

Ова се златните резерви на Венецуела кои се наоѓаат во трезорите на Банката на Англија, а според информациите објавени од SEEbiz, се водат разговори за нивно преместување во Федералната резервна банка на

Хет-трик на Олисе, погоди и Мусијала: Баерн победи со лото резултат (Видео)

Баерн Минхен конечно се искачи на врвот од Бундеслигата, барем привремено, откако победи со неверојатни 7-0 против Унион Берлин на отворањето од четвртото коло. Победникот беше решен уште во првото полувреме, кога

САД објавија нови документио за НЛО (ВИДЕО)

Меѓу објавените материјали се десетици датотеки за воената програма на САД која нарачала студии за ворп-погони и црводуши, како и мистериозни повреди што истражувачите ги поврзале со можни средби со неидентификувани летала,
Go toTop