Британската поморска агенција: Уште еден напад на брод во близина на брегот на Јемен

August 13, 2024
1 min read

ЛОНДОН (АА) – Британската поморска агенција денес објави дека е регистриран уште еден инцидент во близина на брегот на Ал-Худејда, во Западен Јемен, јавува Анадолу.

Британската агенција за поморска трговија (УКМТО) соопшти дека инцидентот се случил синоќа на полноќ, 63 наутички милји југозападно од пристанишниот град Ал-Худејда на Црвеното Море.

Како што се наведува, две експлозии биле регистрирани „во непосредна близина на пловилото“, а дополнително се додава дека „пловилото и екипажот се безбедни“.

Не е наведено дали бродот тргнал кон својата дестинација.

„На бродовите им се препорачува да транзитираат со претпазливост и да пријават каква било сомнителна активност до УКМТО“, соопшти поморската агенција.

Јеменските Хуси сè уште не го коментира инцидентот.

Во знак на солидарност со Појасот Газа, кој се соочува со разорна израелска офанзива, Хусите со проектили и беспилотни летала ги гаѓаат израелските товарни бродови во Црвеното Море или оние што се поврзани со Тел Авив.

Поради тоа што Вашингтон и Лондон му даваат воена и финансиска поддршка на Израел, иако неговите сили убија речиси 40.000 Палестинци, што предизвика ескалирање на тензиите на Блискиот Исток, Хусите објавија дека сега сите американски и британски бродови се воени цели.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Заболени од Ковид има, простор за паника засега нема

Следно

Турција: Момче, наводно инспирирано од видеоигра, тргнало во крвав напад, петмина повредени

Latest from Blog

Фото: Забава со 700 гости за 18 роденден на ќерката на српскиот пејач Саша Матиќ, Тара

Како што се очекуваше, на забавата пристигна скоро целата српска естрада, бидејќи популарниот сале е одличен пријател со скори сите негови колеги и колешки. Секако исти релации одржува и целото негово семејство. 

Севиља се спаси од пораз против Елче

Иако важеше за фаворит пред стартот на дуелот, сепак, тимот на Севиља во премиерниот дуел од викенд колото во Шпанија, на свој терен против тимот на Елче успеа да одигра само 2:2.

Николоски од Прилеп: Ќе го поврзиме градот со целосно автопатско решение

Вечерва на промоција на кандидати за советничката листа и промоција на кандидатот за градоначалник на општина Прилеп, се обрати потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Николоски ги посочи проектите и плановите кои треба
Go toTop