Американскиот секретар за одбрана нареди распоредување подморница со наведувана ракета на Блискиот Исток

August 12, 2024
1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин нареди распоредување на подморница со наведувана ракета на Блискиот Исток, соопшти Пентагон, пренесува Анадолу.

Во телефонскиот разговор со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант, Остин ја повтори посветеноста на Соединетите Американски Држави (САД) за преземање на „секој можен“ чекор за одбрана на Израел, се вели во соопштението на Пентагон.

„Зајакнувајќи ја оваа посветеност, секретарот Остин нареди Ударната група на носачот ‘УСС Абрахам Линколн’, опремен со ловци Ф-35Ц, да го забрза транзитот до подрачјето на одговорност на Централната команда, додавајќи ги способностите на Ударната група на ‘УСС Теодор Рузвелт’“, се додава од Пентагон.

Остин нареди распоредување на подморницата со наведувана ракета „УСС Џорџија“ (SSGN 729) во регионот на одговорност на Централната команда.

Двајцата шефови на одбраната, исто така, разговараа за операциите на Израел во Појасот Газа и важноста на намалувањето на штетата врз цивилите, напредокот кон обезбедување прекин на огнот и ослободување на заложниците држени во Газа, како и за напорите на САД против „агресијата“ на Иран, либанската група Хезболах и други групи поврзани со Иран низ регионот, додаде Пентагон.

Претходно овој месец Пентагон објави дека САД ќе распоредат дополнителни воени елементи на Блискиот Исток во очекување на можна одмазда од страна на Иран против Израел.

На Блискиот Исток растат тензиите по атентатот врз политичкиот шеф на Хамас, Исмаил Ханије, на 31 јули во иранската престолнина Техеран и израелскиот атентат на високиот командант на Хезболах, Фуад Шукр, во воздушен напад врз јужно предградие на Бејрут на 30 јули.

Хамас и Иран го обвинија Израел за атентатот на Ханије, но Тел Авив ниту ја потврди ниту ја негираше одговорноста.

Иран вети „строга казна“ за Израел поради убиството на Ханије на иранска територија.

Се очекува и Хезболах да возврати откако Израел го уби Шукр.

Ескалацијата доаѓа во време на тековната израелска офанзива врз Појасот Газа во која загинаа речиси 39.800 Палестинци.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Трамп увреден што Џо Роган не навива за него

Следно

Тендер за прослава за Рамковниот договор без оглас во „четири очи“

Latest from Blog

Баба Ванѓа најави мрачна есен: Предвидела вистинска катастрофа до крајот на 2025.

Иако почина во 1996 година, нејзините визии, честопати криптични и отворени за дискусија, продолжуваат да интригираат, објавува Net.hr. „Двоен оган“ За годината 2025, а особено месеците што следат по летото, нејзините визии

Челзи останува без Делап до ноември

фото: Chelsea Transfer Talks (X) Младиот напаѓач на Челзи, Лиам Делап ќе продолжи со тренинзи дури во ноември. Новото засилување за лондончани заработи повреда на тетивата на натпреварот против Фулам (2:0) и

ОН: За голем број Палестинци, евакуацијата од градот Газа е невозможна

Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Диџарик, денес изјави дека иако Израел издал наредба за евакуација што го опфаќа целиот град Газа, каде што околу еден милион Палестинци се засолниле, многумина од оние

Николоски: СДС преку тајните служби креираа мастер план во три чекори да се забрани политичкото дејствување на ВМРО-ДПМНЕ

Мастер план во три чекори е криериран од поранешното раководство на СДС преку злоупотреба на безбедносните служби се со цел да се забрани политичко дејствување на ВМРО-ДПМНЕ. Јас тие детали прв ги
Go toTop