Официјални податоци: Израел уби 1,8 отсто од населението на Газа

August 11, 2024
1 min read

РАМАЛА (АА) – Израел уби околу 1,8 отсто од населението на Газа од 7 октомври минатата година во разорната војна во енклавата, покажуваат бројките објавени денес од палестинското Централно биро за статистика, јавува Анадолу.

Центарот соопшти дека повеќе од 39.000 луѓе се убиени во израелските напади во Газа од 7 октомври 2023 година.

„Ова сочинува околу 1,8 отсто од вкупното население на територијата“, се додава.

Според Центарот, околу 24 отсто од палестинските жртви во Газа биле млади луѓе.

Според здравствените власти, израелската армија вчера уби над 100 цивили и повреди десетици кога воен авион ги нападна Палестинците кои извршуваа утринска молитва во училиштето Ал-Табаин во населбата Ал-Дараџ, во градот Газа.

Повеќе од 10 месеци по почетокот на израелските напади, огромни делови од Газа се во урнатини, каде е наметната и блокада на храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Стојановски: Филипче да каже дали ги оправдува набавките на ЕСМ направени од неговите луѓе

Следно

Арбен Рамадани на местото на разрешената Верзиволи

Latest from Blog

Чаир слави: Меџити пред Османи според првичните резултати

Во општина Чаир вечерва владее славеничка атмосфера откако неофицијалните резултати покажуваат дека кандидатот на коалицијата Вреди, Изет Меџити, е во убедливо водство пред противкандидатот од ДУИ, Бујар Османи. Според извори блиски до

Селта испушти победа во 89.минута!

ФОТО: RC Celta/FB Се играше 89.минута од мечот Селта – Сосиедад, резултатот беше 1:0 за домашните, и тогаш Солер ја погоди домашната мрежа за конечни 1:1. Треба да се каже дека цело
Go toTop