Израелскиот министер Бен-Гвир: Договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со Хамас е „голема грешка“

August 11, 2024
1 min read

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) – Министерот за национална безбедност на Израел од крајната десница, Итамар Бен-Гвир, денес го нарече договорот за прекин на огнот и размена на затвореници со Хамас „голема грешка“, јавува Анадолу.

Израел треба да го испрати својот преговарачки тим во Египет во четврток за продолжување на преговорите за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници со Хамас.

„Го уништуваме Хамас“, рече Бен-Гвир. „Ги слушам не само мислењата на функционерите во Кабинетот за безбедност, туку и командантите од теренот.“

„Сега го зајакнуваме ли Хамас со присуството на преговорите [во Каиро]? Тоа е голема грешка на премиерот.“

Министерот од крајната десница рече дека единствениот начин да се ослободат Израелците заробени од Хамас е преку „зголемен воен притисок“.

„Ако им го прекинеме горивото, во рок од една недела тие ќе клекнат на колена. И ако ги запреме камионите [со помош], во рок од две недели тие ќе клекнат на колена. Па зошто одиме да правиме договор, особено таков неодговорен договор?“ рече тој.

Израелскиот весник „Једиот Ахронот“ рано утрово објави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се соочува со зголемен притисок од САД да продолжи со преговори за договор со Хамас, дури и ако тоа значи „пад на неговата Влада“.

Според весникот, претстојната рунда преговори во Каиро се смета за „последна апсолутна шанса“ да се постигне прекин на огнот во Газа и регионално.

Египет, Катар и САД со месеци предводат индиректни преговори меѓу Израел и Хамас, на кои не е постигнат договор поради одбивањето на Израел да ги исполни барањата на Хамас да се стави крај на војната, да ги повлече војниците од Газа и да им дозволи на раселените Палестинци да се вратат во северна Газа.

Израел продолжи со разорната воена офанзива во Појасот Газа, која започна по нападот на Хамас на 7 октомври минатата година, и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара итен прекин на огнот.

Во израелските напади досега убиени се речиси 39.800 Палестинци.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто на СДСМ им е тешко да го осудат планот на ДУИ за дестабилизација?

Следно

Масовни протести во Белград

Latest from Blog

Вечерва целосно затемнување на Месечината, ќе може да се гледа и од плоштад „Македонија“

Целосното затемнување на Месечината што треба да се случи вечерва ќе може да се набљудува од плоштадот „Македонија“. Од Скопското астрономско друштво најавуваат дека ќе постават два телескопа. Редок феномен – целосно

Во прекин сообраќајот за тешки товарни возила на магистралниот пат Маврово-Дебар

Од 10:30 часот во прекин е сообраќајот за тешки товарни возила на магистралниот пат Маврово-Дебар во близина на Ростушки мост сообраќајот, соопштија од Авто-мото сојузот на Македонија. Како што информираат од АМСМ,

Ѓорѓиевски најавува динамични промени за Скопје: Повеќе зелени површини и сообраќајни решенија

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид на неколку клучни локации кои ќе бидат приоритет во првите месеци од неговиот мандат. Меѓу проектите

ВЛЕН реагира: Тајни средби и српски капитал во фокусот на Османи

Политичкото движење ВЛЕН остро реагираше на активностите на поранешниот министерот Бујар Османи, обвинувајќи го дека во изминатата година ја поддржал „српската агенда“ додека ВЛЕН ги зацврстувала врските со САД и Европа. Во
Go toTop