Во Јапонија и понатаму на сила предупредувањето за мегаземјотрес, по потресот во четвртокот

August 11, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Јапонската државна метеоролошка агенција и денес објави препорака за претпазливост од зголемен ризик за мегаземјотрес, повикувајќи ги граѓаните да внимаваат на можен мегаземјотрес во раседот Нанкаи долж брегот на Тихиот Океан, пренесува Анадолу.

Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) првпат го објави предупредувањето во четвртокот по земјотресот со магнитуда од 7,1 степени што ја погоди префектурата Мијазаки во јужна Јапонија, објави јавниот сервис НХК.

По него следеше уште еден земјотрес со магнитуда од 6,8 степени што вчера ги потресе северните и североисточните делови на Јапонија.

Агенцијата, сепак, соопшти дека досега не се забележани неправилни промени на Земјината кора.

Тоа е „прв таков совет за областите околу раседот Нанкаи“, кој се протега од југозападна до централна Јапонија.

Можноста за огромен земјотрес долж раседот Нанкаи е „поголема од вообичаеното“, предупреди метеоролошката агенција.

Таа го повика населението да биде внимателно, бидејќи последователните земјотреси со максимален сеизмички интензитет од 6 степени може да се случат во период од приближно една недела.

Агенцијата, сепак, објасни дека советувањето не значи дека земјотрес дефинитивно ќе има во одредена временска рамка. Сепак, тие побараа од 707 општини во 29 префектури, од околината на Токио на исток до Окинава на југ, да ја проверат нивната подготвеност за катастрофи.

Владата ги советуваше домаќинствата со доенчиња, стари лица и лица со посебни потреби да размислат за доброволна евакуација.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Повеќе инциденти синоќа во Тиквешко

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто на СДСМ им е тешко да го осудат планот на ДУИ за дестабилизација?

Latest from Blog

Календар на МПЦ: Утре се прославуваат овие светители

Преподобен Пимен Велики Родум Мисирец. Голем мисирски подвижник. Како момче ги посетуваше прочуените подвижници и собираше од нив опитно знаење како трудољубива пчела. Еднаш Пимен измоли од Старецот Павел да го однесе
Go toTop