Околу 400 дрвосечачи во „Национални шуми“ работат од канцеларија

August 11, 2024
3 mins read

Г-не Трајанов, сè уште има шумски пожари, а слушаме дека ЈП „Национални шуми“ е уништено и дека нема ресурси за гаснење. Дали и колку во моментов учествувате во гаснење на пожарите?

За вашта констатација дека претпријатието е уништено, морам да се сложам дека тоа беше така кога дојдовме на работните места, јас како в.д. директор и мојот тим помошници директори. Претпријатието буквално беше оставено на стихија, имаше неисплатени четири плати, имаше огромни долгови, имаше блокирана сметка и опасност од многу наши соработувачи да бидеме исклучени: Такви беа Макпетрол во однос на горивото, Телеком во однос на телефонските услуги, ЕВН во однос на струјата и така натаму.

Изјавата дека претпријатието е уништано беше на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, меѓутоа слушаме изјави во медиумите од вработени на национални шуми дека гаснат пожари во папучи?

Вообшто не е точно. Имаше различни изјави во медиумите, меѓутоа одговорно тврдам дека со нашето доаѓање сите вработени во Ј.П. „Национални шуми“, особено тие што се задолжени за гаснење на пожари, а тоа се луѓе кои имаат поминато соодветна обука, кои ја знаат проблематиката на гаснење на шумски пожари, знаат каков тип на облека и опрема треба да поседуваат и се искусни, можеби и најискусни за гаснење на шумски пожари во државата, уште од првиот ден и првите пожари, ревностно, без никаков изговор, сите ги прифатија работните задачи и учествуваа во гаснењето на пожарите.

Со колку луѓе учествувате во гаснењето на пожарите?

Бројката дневно се движи некаде од 80 до 140 вработени од нашето претпријатие кои секојдневно учествуваат во гаснењето на пожарите.

Спомнавте дека предпријатијето е во лоша состојба. Во каква финансиска состојба е претпријатието?

Претпријатието е во очајна финансиска состојба, затоа што наследивме долг близу 10 милиони евра. Меѓутоа, според моите информации тој долг можеби ќе биде и поголем, затоа што верувале ли не, во дел од подружниците со кои раководам, воопшто не се прави книжење на целокупното финансиско работење и можеме да претпоставаме дека ќе има и дополнителни да речеме скриени финансиски импути кои ќе се на страна на загубата на претпријатието. Таквото недомакинско работење во суштина ни претставуваше проблем и во моментот. Овие денови добро е што ќе заврши ребалансот на буџетот. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имаше слух за потребите на нашето претпријатие. Видоа дека сериозна е работата со финансиската дупка и дубиоза која ја наследивме и во прв момент ќе добиеме помош од буџетот на Македонија, тоа се финансиски сретства за исплата на заостанатите плати со цел да можеме да ја деблокираме сметката на претпријатието и полесно да ги менеџираме сите останати обврски кон наши соработници: фирми со кои соработуваме и поажурно, по-редовно да ги извршуваме своите активности.

Премиерот Мицкоски вели дека во Национални шуми недостасуваат 5 милиони денари, а податоците од Министерство за финансии покажуваат дека од почетокот на годината немате неплатени обврски. Како ја објаснувате оваа ситуација?

Во претпријатието едноставно ги нема парите со кои требало да бидат исплатени плати. Зашто сме доведени во оваква ситуација? Тоа треба да го одговорат властодавците од предходната власт. Тие дозволиле ваква ситуација Јавното претпријатие кое ступенисува со еден од најважните ресурси во државата, а тоа е дрвото. Прашањето е, зошто претходната власт, знајки го значењето на ова претпријатие, дозволило да биде со блокирана сметка. Блокираната сметка, предизвикала домино ефект: Неисплатени плати, неисплатени даноци, но и многу опасно немање на производство. Ова претпријатие се финансира од својата дејност и своите дејности. Тука доминантно е производството на сортименти од дрво.

Во таква ситуација претпријатието е блокирано и доведено во ситуација да на шести месец, наместо да имаме 350 000 м3 производство, претпријатието има одвај 90.000 метри кубни производство. Значи, еден проблем е загубите, втор проблем е уништеното производство. Останати проблеми кои се наталожени на предходните два, е тотална деморализација на работниците, штрајкови и ситуација да буквално шумата биде оставена на милост и немилост. Во таква ситуација сосема се логички обвинувањата дека овде се работило недомакински. Затоа што не може и не смее дрвото како ресурс, како категорија која е внесена во Уставот на Република Македонија да биде оставено вакан на стихија, на милост и немилост на сите криминалци кои харат околу шумарството во Македонија.

Со години претпријатието е едно од главните места за вдомување на партиски кадар. Има ли превработеност, во ситуација кога од друга страна во Берово не пример не можат се вработат дрвосечачи?

Во ситуација кога претпријатието било во катастрофална состајба, менеџментот од предходниот состав се ставил во функција на политиката, наместо во функција на претпријатието. Последните огласи за вработување, условно се огласи за вработување на сечачи, доторачи, редачи на дрво и тоа околу 400 луѓе: еден оглас е за 320, другиот е за 40. Што се случува? На име на сечачи се примаат партиски структури. За само неколку дена, сите тие луѓе кои се примани како сечачи, со искучок на двојца, тројца во целата држава, добиваат работни налози да бидат во администрација. И сега, имаме ситуација кога на хартија ние имаме условно 320 сечачи, меѓутоа во пракса тоа се вработени луѓе кои се вгнездени во администрација. И сега имаме проблем со тие луѓе. Не сакат да се ги извршуват своите работни задачи. Прифатиле да бидат сечачи, еден дел дури е трагично изманипулиран. Таму се вработени шумарски инженери, шумарски техничари, се понижени да бидат учесници на тој конкурс, само и само да добијат вработување на неопределено време.

Извор: Радио Слободна Европа

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

И само гледање нереди те остава во притвор

Следно

Десет патници го пропуштиле авионот што се урна во Бразил

Latest from Blog

Пoчина политичкиот активист Чарли Кирк

Политичкиот активист и подкастер Чарли Кирк почина, објави Доналд Трамп на Truth Social. Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес објави дека конзервативниот активист Чарли Кирк почина откако беше застрелан на настан во

Градското дерби на Манчестер осакатено: 12 играчи го пропуштаат неделниот меч на „Етихад“

Голем бран на повреди ги погоди таборите на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед пред големото дерби кое ќе се игра на „Етихад“ овој викенд. Двата тима ќе го дочекаат дербито со „десеткуван“

РК Загреб поразен во Битола – Еурофарм Пелистер стартува со победа во Лигата на шампиони

Еурофарм Пелистер од Битола започна успешно новата сезона во Лигата на шампионите, совладувајќи го поранешниот европски првак Загреб со резултат 25-23. Натпреварот, кој се одигра во спортската сала „Боро Чурлевски“, беше прв

Цела Куба без струја по петти пат за една година

Уште еден општ прекин на електричната енергија ја погоди Куба денес, петти за помалку од една година, доведувајќи ја економијата во застој и нарушувајќи го животот на нејзините жители. „Имаше целосен прекин

Ѓорѓиевски: Инвестиции и подобрување на инфраструктурата во Бутел

Вечерва Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, се сретна со жителите на Радишани, заедно со сегашниот градоначалник на Бутел Дарко Костовски и министерот Панче
Go toTop