Научниците си прават зијан со политика на социјални мрежи

August 10, 2024
1 min read

Упадите на научниците во политиката го нарушуваат нивниот кредибилитет, покажува студија на Друштвото за промоција на економските истражувања од Минхен.

Учесниците во студијата ги сметале политички неутралните научници како поверодостојни од оние кои ги обелоденуваат своите политички определби. Истражувачите создале синтетички академски профили на истражувачи проткаени со политички убедувања врз основа на вистински твитови од научници. Се покажало дека академските профили со леви или десни политички ставови на луѓето им се чинат помалку веродостојни, особено оние кои заземаат силни политички ставови.

Икс, порано познат како Твитер, стана клучна платформа за видливост на научните истражувачи. Спомнувања на трудови се зголемиле за 25 пати од 2011 година, но со нагризување на кредибилитетот. А објавите на научниците се значително пополитички од оние на просечниот Американец – 44% во споредба со 7% за општата популација.

Силно републиканските научници се сметаат за 39% помалку веродостојни од неутралните научници, додека силно демократските научници за само 11% помалку веродостојни од неутралните, покажа студијата.

Демократите се многу скептични за кредибилитетот на републиканските научници, но неутралните и „своите“ истражувачи ги гледаат како подеднакво веродостојни. Републиканските испитаници пак, претпочитат умерени републикански истражувачи отколку неутрални, иако се многу скептични кон силно републиканските научници, за разлика од демократските испитаници.

Политизацијата на науката се забрза во последниве години, особено откако неколку угледни научни списанија се вплеткаат во политика.  Сајентифик Американ во 2020 година ги повика читателите да гласаат за Бајден (што им се случи првпат во нивната 175-годишна историја), со тврдење дека неговите планови биле засновани на факти а Трамп ги отфрлал доказите и науката.

Државните финансирања на научните истражувања исто така може да играат улога. На пример, големите американски грантови ги поттикнаа гласините дека истражувачите ги приспособуваат своите наоди за да одговараат на преференциите на владините функционери како Ентони Фаучи, кои имаат збор во распределбата на грантови.

Последниве две децении се регистрира опаѓање на довербата во институциите, особено на научните институции и истражувањата. Тој пад е најочигледен меѓу републиканците, чие верување дека влијанието на науката врз општеството е главно позитивно се намали од 70% на 47%.

************

Види и:

Не можеш против стадото, макар тоа било и научничко

ИЗВОР: off.net.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Делегацијата од Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ положија цвеќе пред спомен-обележјата на загинатите бранители кај месноста Љуботенски бачила

Следно

Билансот на загинати Палестинци во Газа се приближува до 39.800

Latest from Blog

Меџити го најави почетокот на големата трансформација на улицата „Ферид Мурат“ во Чаир

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска го презентираше еден од најголемите инфраструктурни проекти во општината – целосна реконструкција и трансформација на улицата „Ферид Мурат“. Проектот, кој опфаќа делница долга

Овие 10 професии се најстресни: Ако сте во една од нив, можно е да има последици и по вашето здравје!

Пандемијата и појавата на работа од далечина и флексибилни работни места – проследено со „враќањето во канцеларија“ – исто така го променија начинот на кој го доживуваме стресот на работа и во

Владата на Словенија му забрани на Додик влез во земјата

Одлуката на словенечката Влада подразбира забрана за влез на претседателот на Република Српска во земјата, објави Н1 Љубљана.  Материјалот за оваа одлука го подготви Министерството за надворешни работи на Словенија. Извор: vecer.mk

Фатих Терим ќе биде селектор на Чешка

Искусниот турски стратег, Фатих Терим е најсериозниот кандидат да ја води репрезентацијата на Чешка. Некогашниот селектор на Турција, и легенда на фудбалот во оваа земј,а последно беше на кормилото на тимот на

Кои два хороскопски знаци се „најинтелигентни“?

Астролозите забележуваат дека, и покрај бројните фактори што влијаат на интелигенцијата, два хороскопски знака редовно ги издвојуваат најпаметните умови. Девица и Водолија гордо ја носат титулата оние чии претставници често освојуваат научни,
Go toTop