Земјотрес со магнитуда од 6,8 степени ја потресе Јапонија

August 10, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Силен земјотрес со магнитуда од 6,8 степени денес ги погоди северните и североисточните делови на Јапонија, соопштија локалните медиуми, пренесува Анадолу.

Метеоролошката агенција не издаде предупредување за цунами, објави токиската новинска агенција Кјодо.

Според Јапонската метеоролошка агенција, епицентарот на земјотресот бил на околу 490 километри под површината на земјата.

Засега не е пријавена штета од погодениот регион на најсеверниот главен јапонски остров Хокаидо.

Јапонија е веќе во состојба на тревога за мегаземјотрес откако во четвртокот земјотрес со магнитуда од 7,1 степени го погоди југозападниот дел на Јапонија.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Дваесет и три години од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила

Следно

Напад со дрон врз американски војници во Сирија, според првични информации нема повредени

Latest from Blog

Ново законско решение за поефикасна контрола на индустриското загадување

Собранието денеска го усвои Законот за контрола на индустриски емисии, со кој индустриските капацитети во земјава ќе мора да работат според најдобрите достапни техники (НДТ), како дел од усогласувањето со европските еколошки

Селекторите на Венецуела и Перу добија откази

Венецуела го отпушти селекторот Фернандо Батиста откако не успеа повторно да се квалификува за Светското првенство. Венецуела, единствената јужноамериканска репрезентација што никогаш не играла на Светско првенство, стигна до последното коло од

Објавени фотографии од 22-годишниот убиец на Чарли Кирк

Осомничениот убиец на Чарли Кирк, идентификуван како 22-годишниот Тајлер Робинсон, е уапсен, потврди директорот на ФБИ, Кеш Пател, на заедничка прес-конференција со гувернерот на Јута, Спенсер Кокс. Тајлер Робинсон, 22-годишник од Јута,
Go toTop