Туркије повторно почна да извезува електрична енергија во Ирак

July 22, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Министерот за енергетика и природни ресурси на Туркије, Алпарслан Бајрактар, ​​објави дека Туркије од вчера повторно почна да извезува електрична енергија во Ирак, известува Анадолу.

Во писменото соопштение на турското Министерство се истакнува дека Бајрактар, кој го придружуваше претседателот Реџеп Таип Ердоган во посетата на Ирак на 22 април, во рамките на средбите во Багдад и Ербил разговарал за можна соработка.

Во соопштението, во кое се посочува дека двете земји по 3 месеци од посетата направиле нов чекор на полето на енергетиката, се истакнува дека по 3 години пауза започнал извозот на струја во Ирак, при што преку постоечката 400 kV интерконективна линија Џизре – Кашек меѓу Туркије и Ирак ќе се обезбедат до 300 мегавати струја за Ирак.

Министерот Бајрактар во својата објава на профилот на социјалната мрежа Х напиша:

„Благодарение на проектот ‘Пат за развој’, од вчера повторно почнавме со извозот на електрична енергија за нашиот сосед Ирак, со кој заедно ќе придонесеме за просперитетот и мирот на нашиот регион. Со инвестициите што ќе ги направиме, ‘Патот за развој’ истовремено ќе го изградиме и како ‘Пат на енергија’.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„ЕУ мора да зборува во еден глас за Газа“

Следно

Шефовите на дипломатии во Брисел, на маса „неприфатливите“ ставови на Унгарија

Latest from Blog

Урнебесна порака до Макрон: “Го повикавте Вучиќ, ете затоа загубивте од Шпанија“!

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/ Балканска работа. Овде се е нешто специјално, ние сме “мајстори“ работите да ги свртиме во некоја посебна конотација. Имено поразот на Франција од Шпанија (2:0) во полуфиналето на Светското првенство предизвика

Растат тензиите на Блискиот Исток: Иран се заканува со затворање на новите поморски рути по американскиот напад

Иранската револуционерна гарда соопшти дека Ормутскиот теснец ќе остане затворен сè додека САД не ги запрат она што го нарекоа „акти на агресија“ и предупреди дека другите извозни патишта за нафта и

Проданоски: Во Прилеп следува инвестициски циклус тежок 990 милиони денари

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, истакна дека во изминатите девет месеци локалната самоуправа реализирала значајни активности и обезбедила инвестиции во вредност од 990 милиони денари за капитални проекти. Според Проданоски, преку
Go toTop