ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски е слугата на Ахмети, патрон на бизнис интересите и фолирантите од Левица, изборите се решение

January 8, 2023
1 min read

Ковачевски е слугата на Ахмети, патрон на бизнис интересите и фолирантите од Левица, изборите се решение, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Ковачевски е заробеник на Ахмети, цела година помина буквално како до сега, со криминал и корупција. Ковачевски ги штити сите луѓе на Ахмети, од Груби, Османи до Буши, затоа што знае дека само тој го држи на премиерското столче. Покрај на Ахмети Ковачевски станува и поданик на фолирантите од Левица со кои е во коалиција во град Скопје и на многи други места. Деструкцијата нивна ја гледаме и по нефункционалноста на град Скопје. И додека слугува Ковачевски, бизнисите на неговиот кум и неговото потесно семејство се шират низ државата, на кои патрон е токму тој, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Влада на Ковачевски е проблем за Македонија, само предвремени парламентарни избори се решение и излез од коалицијата на која матните зделки и тендери им се пред се, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO marketi

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зелен хуман град: Индустријата лобира да ѝ се врати дозволата за увоз на отпад што ќе го согорува

Следно

Зинедин Зидан веќе одбил понуди од три репрезентации

Latest from Blog

Бројот на загинати во земјотресот во Јапонија се искачи на 28

„Активностите за пребарување и спасување по земјотресот со јачина од 7,1 степен, што се случи во вторникот вечерта, навистина претставуваат трка со времето“, изјави главниот секретар на кабинетот, Минору Кихара, на прес-конференција

Уапсен гевгеличанец, возел со брзина од 204 километри на час

Гевгеличанец возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволеното, запрен е и лишен од слобода, следува соодветна пријава. Според информациите на МВР, вчера вечер на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско,

Влатко и Златко Миладиноски носат македонски музички спектакл во Битола

Античкиот театар Хераклеја во Битола беше претесен да ги собере сите љубители на македонската народна музика, кои во голем број присуствуваа на концертот на Влатко Миладиноски и Златко Миладиноски со оркестарот. Повеќе
Go toTop