ПО НОВА ГОДИНА И БОЖИЌ НИ ДОАЃА СНЕГОТ – подгответе се за првите врнежи во новата 2023 година, еве кога! (ФОТО)

January 7, 2023
1 min read

Времето утре ќе биде претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Во Скопје претежно сончево и тивко, наутро со услови за појава на слаба магла.

Во понеделник времето ќе биде претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започнат врнежи од дожд, а на планините на запад врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието наместа повремено засилен ветер од јужен правец.

Во вторник времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Од попладнените часови, особено во западните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и на повисоките места.

Во среда времето ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер најизразен вдолж Повардарието.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

(ФОТО) Македонски државјанин фатен при шверц на 9,7 литри ракија и над 10 илјади кутии цигари во Хрватска

Следно

Најавената еколошка категоризација на возилата сè уште чека правилник

Latest from Blog

Дигиталното насилство се шири со алармантна брзина

Дигиталниот свет ветуваше поврзување и зајакнување – но за милиони жени и девојчиња, тој стана свет на злоупотреба. Дигиталното насилство се шири со алармантна брзина поттикнато од вештачката интелигенција, анонимноста и отсуството

Тоневски: Нови инвестиции за развој на туризмот во Пробиштип

Денес официјално започна проектот за реконструкција на планинарскиот дом на Црн Врв, кој има за цел подобрување на условите за развој на планинарството, велосипедизмот и заштита на природните убавини на овој туристички

Министерството за енергетика го финализираше Планот за реконструкција на јавни згради 2025–2028

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна,
Go toTop